Skip to content Skip to footer
Отворено: понеделник до петок од 12:00 до 20:00 часот
улица Максим Горки 25/4 1000 Скопје, Македонија
0 items - 0 ден 0

НОВО НА ПАЗАРОТ: THE GARDEN BREWERY, ХРВАТСКА – ВИСТИНСКА ИНОВАТИВНА ПИВСКА ПРОГРАМА И КРАФТ ПИВО ВО ЛИМЕНКИ

Отпорот кон лименките сеуште е присутен кај нашиот пазар. Повеќето локали не ги прифаќаат лименките како опција за понуда во нивното богато пивско мени, поради нивните предрасуди кон лименките, без да знаат дека пивото во лименки е подолготрајно за разлика од стакото на пример, заштитено е од надворешните влијанија и температури, и секако повкусно.

Се повеќето мали занаетчиски пивари (или популарно наречени крафт пивари) се определуваат токму на оваа амбалажа. Од Словенија први почнаа Bevog, Бугарија од неодамна ги има Sofia Electric Brewing, додека Хрватите се горди на нивните The Garden Brewery. Кога го добивме првиот текст за Хрватската пивска сцена од нашиот пријател и дописник од Словенија Блашко Касапинов, и неговата посета во оваа пивара ете денес и ние во Македонија можеме да уживаме во овие неповторливи пивски вкусови.

Кога Ник Колган, поранешниот продуцент на бендот UB40 и креатор на Garden Music Festival, се одлучи да се пресели во Загреб, и отвори пивара, овој град доби многу бенефити манифестирани на различни начини. Барот за крафт пвиа комбинирани со неговиот вкус за музика кои што резултираа со неколку извонредни концерти како Grandmaster Flash, Lee Scratch Perry, Mad Professor, Mr Scurff итн.

The Garden Brewery најпрво отворија бар и погон за производство на пиво во индустриската зона Житњак, а во март 2018 година во центарот на градот беше отворена и кујната со барот The Garden Bar & Kitchen.

Како што кажуваат и самите посетители, не е само до пивата што ја прават пиварата да се истакнува, туку опуштената атмосфера и добрата храна која што совршено одговара со секое од 20те пива во нивниот ранг. Пример за позитивен начин на размислување со одлични идеи со кои се зближуваат луѓето.

Во нивното богато пивско портфолио имаат неколку серијали и пивски колаборации.

Серијалот на кисели пива што е ново како вкус на пиво на пазарот во Македонија вклучува различни сезонски додатоци како хербални зачини и билки и локални плодови, кои што резултираат како некои од најпопуларните пива во Велика британија, Франција и Австралија.

Florida Weisse е со розева гуава, зелен лимун, и личи плод од семејството на бобинки, ананас, манго и кокос, тропски овошја, Imperial Strawberry Sour, комбинации со боровинки и лаванда, цреша, бозел, и многу други комбинации. Во друга прилика ќе посветиме внимание и на стилот на кисели пива кој што е посебен и специфичен.

Од класичниот серијал редовно на репертоарот се: CITRUS IPA, INDIA PALE ALE, STOUT, PALE ALE, PILSNER.

Од серијалот NEIPA произведуваат неколку витамински бомби: Hazy IPA HBC 586, со специјалниот норвешки квасец Кveik, Micro NEIPA експериментална серија, бидејќи HBC означува нов хмељ кој што е во фаза на развој, и други различни вкусови на NEIPA

Milkshake серијалот е кремаста супер витаминска бомба Single Hop Showcases е серијал со само еден хмељ за да се почувствуваат карактеристиките на одредена сорта на хмељ која што е применета во пивото, или во секој случај вистинска иновативна пивска програма во која што може да ужиават и љубителите на пивото во Македонија.

Пивата може да ги набавите во специјализираната продавница за крафт пиво и суровини за домашно пиво Пиводром Цената е прифатлива за вакви специјални и уникатни пива и се движи од 150 до 200 ден.

Очекувајќи го странецот кој што ќе се реши да се пресели во Македонија и отвори пивара и покаже како тоа треба да изгледа, како да се работи професионално и со многу посветеност љубов, другарство и колегијалност, тргајќи го личното его на страна и дома, ние ќе уживаме во вкусот на пивото од увозните пивски брендови.

Share this: