Skip to content Skip to footer
Отворено: понеделник до петок од 12:00 до 20:00 часот
улица Максим Горки 25/4 1000 Скопје, Македонија
0 items - 0 ден 0

НОВО ЧЕШКО ПИВО НА ПАЗАРОТ-MALASTRANA, ТРАДИЦИЈА И КВАЛИТЕТ

Пивото Маластрана е најдобар пример на уникатниот Чешки пилснер стил на пиво, кој го карактеризираат цветни ароми, и освежувачки горчлив послевкус MALASTRANA ORIGINAL PILS.e 🇨🇿 оригинално чешко пиво кое што е правено по традиционална рецептура од старите мајстори на пиварскиот занает.

Врвните суровини како далеку познатиот Чешки хмељ во видот Saaz (од областа Жатец), слаткиот јачменов слад и изворската чиста вода, на пивото му даваат висок квалитет. 

Маластрана е Чешки бренд кој се произведува во пиварата Јихлава. Се базира на долгогодишната чешка традиција во производството на пиво и тврдат дека во целост ја вклопиле во брендот Маластрана. Има преубава златна боја, бистро и со солидна бела пена. Арома на сладот, тревкаста и хербална, мед. Вкусот има умерена блажина, сосема мала нота на карамела, нота од некоја билка, умерено горко, питко и сосема солидно. Пиво кое што може да ве освежи во секој период од денот и годината.

Пивото Маластрана од неодамна се појави и на македонскиот пазар, а може да го најдете во специјализираната продавница за пијалоци Бодега Дел Вино во тц Лептокарија, каде што исто така може да ги купите и германските класични пива црното Kostritzer, омиленото пиво на Гете и пченичното Benediktaner Weiss. и во некои позначајни локали низ државата. .

Пиво кое што се надевам ќе го прифатат и сите оние кои тврдат дека не сакаат пиво. 

ЗА БРЕНДОТ

Пивото е инспирирано од една античка пивара која се наоѓала во еден манастир Saint Thomas’ Augustinian во Прага, во крај кој што е богат со традиции кои се почитуваат и ден денес, и место каде што може да уживате во најдобрите Чешки пива. 

Маластрана е основано во 2005 година од страна на млад претприемач и неговата страст за чешкото производство на пиво, во периодот кога извозот на чешки пива беше на ниско ниво. За брзо време брендот стекна висока и силна репутација и се проби на сензитивниот Интернационален пазар на пиво

Марјан Костадиновски