Skip to content Skip to footer
Отворено: понеделник до петок од 12:00 до 20:00 часот
улица Максим Горки 25/4 1000 Скопје, Македонија
0 items - 0 ден 0

НОВИ ПИВА ВО АРТ КАФЕ КАШМИР ОД СРПСКАТА КРАФТ ПИВАРАТА „ДОГМА“

Како официјален увозник на српската крафт пивара Догма Арт кафе барот Кашмир, донесе нови вкусови на пива во нивниот локал.

JUICE IT UP DDH DIPA – Лименка од 500 мл Го знаете она, кога ќе одите во некоја кафана па порачате некоја песна и најскапото јадење, кое ќе промени речиси се. Накратко, такво ќе ви биде и искуството со ова пиво! Што може да дознаеме од ова комплицирано име? Дека чашата исполнета со ова пиво е една луда забава и комбинација со тропско овошје и цитрус, тропски ароми кои се добиени со метода на дупло хмељење во пиварството, и дека пивото на допир меко, а на вкус силно и моќно. Содржи 8 % алкохол и е уникатно бомбастично пиво кое што е уникатно за сладокусците, но тешко прифатливо за оние традиционални пивопијци.

JUST A BERRY GOSE Лименка од 330 мл Ова пиво прв пат е направено во колаборација со Италјанската занаетчиска пивара Birrificio Lambrate, а со мала модификација и усовршување продолжиле сами да си го куваат. и повторно откачен вкус, солено пиво со овошје, ако му објаснувате и раскажувате на некој за ова пиво едноставно ќе ве направи луд и несериозен. За да подоцна истите тие луѓе полудат по вкусот на ова пиво. Летно освежително пиво со црна рибизла, капина и ѓумбир. Изразот GOSE означува дека станува збор за солено пиво кое што датира од средниот век и потекнува од околината на Лајпциг, и со развојот на крафт пиварството, и порастот на популарноста на киселите sour пива овој пивски стил денес станува супер популарен. За оние кои што сакаат нешто екстравагантно со помала горчина, овошен карактер, и мал процент на алкохол, се вистинска освежителна бомба. алкохол само 3,5 %vol.

SUMMER ALE – 330ml пиво со златно жолта боја, летно лесно тело, по стилот е American Wheat, а добиено е со употреба на пилс и пченичен слад, А кога зборуваме за ароми, акцентот е ставен на свежи мириси кои потекнуваат од коријандерот и лимуновата кора, во процесот на кувањето, малку алкохол 4,5 %vol, многу свежина, и доволна арома.

HOPE IPA – New England речниког вели дека HOPE e чувство на очекување и желба да се случи одредена работа. Бидејќи целата планета отиде во блокада, момците од пиварата ја подготвија оваа сочна маглива ИПА, со многу хмељ. Sabro, El Dorado, Idaho 7 и Citra. и одлучиле со партнерите 100 дин од секоја конзерва да одат во хуманитарни цели за да помогнат на социјално ранливите категории во својата земја!

S.M.A.S.H. Sabro Session IPA “S.M.A.S.H.“ е поим во пиварството кој што означува пива кои се направени од еден слад и еден хмељ, Single Malt And Single Hop! Станува збор за петтата по ред серија, од кујната на Догма, Очекувајте ароми на кокос диња и ванила.

Покрај овие пива редовно во понудата во арт кафе Кашмир ги има и останатите редовни пива на репертоарот АЛБИНО, ХОПТОПОД…

Пиварата Догма е најпознатиот пивски бренд на пазарот во Србија, кој активно работи од 2015 година,

М.К