Skip to content Skip to footer

НОВ ПРОИЗВОД: PUNK IPA (BREW DOG) НАЈПРОДАВАНОТО КРАФТ ПИВО ВО БРИТАНИЈА И СКАНДИНАВИЈА И ВО МАКЕДОНИЈА

 

Шкотските „панкерски“ пива денес се една од најбрзорастечките пивски компании во светот и со најбрз развој и заслужна за таканаречената револуција на занаетчискто односно крафт пиво.

 

Познати по многуте контраверзи и во војната со тоа кој ќе го произведе најсилното пиво во светот, ги надминаа сите граници во пиварството. И невозможното го направија возможно.

Во 2010 година, тогаш малата пиварница од Шкотска го привлече вниманието со тоа што го произведе во светот тогаш најсилното пиво. именувано според книгата на Франизис Фукујама The End of the World,  која што ја либерализира демократијата на капитализмот над човечката политичка еволуција. Пивото содржеше верувале или не само 55% алкохол, белгиски стил на блонд але пиво со инфузија на Шкотски коприви и свежи бобинки од смрека, посилно од било кое виски, џин или вотка. Се продаваше во лимитирана серија од 11 шишиња, и чинеше од 500 до 700 фунти. Целта на ова пиво беше да се покаже дека пивото може да биде и нешто повеќе од Stella Artois, Carling и дека може да биде нешто што не сте ни замислиле претходно кога станува збор за пивото.

Момците од Brewdog самите се опишуваат како „постпанкери, апокалиптични возачи на крафт пивото “некои од нивните пароли се „In Hops We Trust“, „ This is the revolution – so help me Dog “, „ Changing the world, one glass at a time“ или „Without us, we are nothing. We are BrewDog“ . Едноставно ги поместија границите на она што претставува занаетчиското пиварство.

Како и да е последните четири години, оваа пивара беше една од најбрзорастечките на Островот, и најголемиот ланец на барови и ресторани, а од неодамна и хотели. Од основањето BrewDog од само двајца, порасна на 580 вработени, отворија 30тина успешни барови низ цел свет, низ цела Велика Британија, од Абердин до Бристол и Манчестер до Клеркевел. И има уште 15 низ целиот свет: Хелсинки, Токио, Рим, Сао Паоло. Секоја година, од своето постоење компанијата е стабилна и профитабилна. Но бројките ќе ги оставиме на страна.

BrewDog  изградија еден успешен бизнис, концепт и автентичност, и покажуваат дека навистина се грижат за нивното пиво, а тоа е PUNK IPA најпродаваното занаетчиско пиво во Британија и Скандинавија, со цел да се дигне револуцијата на занаетчиското пиво во Британија и редефинира британската култура на конзумирање на пиво. со целосна посветеност и искреност кон него и со цел да ги натераат луѓето со страст да гледаат кон големото пиво. да се променат перцепциите

Пивото PUNK IPA  е првите серии беше направено со грешка, бидејќи телефонот, термометарот и клучевите од колата завршија во садот за укоминување. По тешката борба за пробивање на пазарот, денови и ноќи поминати во рачното флаширање на пивото и негова дистрибуција по локали и продавници, првиот посериозен договор и отварање на портите беше влезот во маркетите Теско, со двојно поголема количина од првобитната ИПА која што тогаш беа во можност да ја произведат. Во еден локален натпревар влегоа во првите четири пива кој што водеше во ланецот на супермаркети а наградата за победникот беше место на полиците во секоај своја продавница во Велика Британија.

Brewdog Punk IPA, е India Pale Ale стил на пиво со впечатлива златно жолта боја, кристално чиста и густа бела пена, која што стои долго време. На носот има впечатлива овошна арома, со доминација на цитрус и портокал. Средно до лесно тело, со средна пријатна газираност и горчина. Многу вкусно и освежително пиво со 5,6% алкохол. Во Македонија краток период го имаше во периодот додека работеше Пивотеката, но од неодамна се појави и официјален застапник кој ќе се презентира на „Зимскиот Пивски Салон“ со овој оригинален пивски бренд за прв пат на пазарот во Македонија. Освен PUNK IPA ќе има и други изненадувања од Brew Dog. Пивото ќе се продава по цена од 200 ден.

Brewdog  како компанија е основана во 2007 година од страна на Џејмс Ват и Мартин Дики, кои благодарение на квалитетот на нивните пива и добрата маркетинг стратегија тие станаа репер за успех на нивните производи изминатите години во светската независна индустрија за пиво.

Во 2012 г отворија нова фабрика која што е резултат од продажбата на и успесите на нивните производи изминатите години со што е прогласена за најуспешна компанија за производство на пиво во Шкотска. Куриозитет е дека пивото PUNK IPA е официјално пиво во ресторанот НОМА во Копенхаген кој што има 3 Мишелин ѕвезди и е именуван трета година по ред, како најдобар ресторан во светот од страна на списанието Restaurant Magazine.

Приказна која што нема крај, а успехот е неизбежен

Марјан КОСТАДИНОВСКИ, сакампиво.мк