Skip to content Skip to footer
Отворено: понеделник до петок од 12:00 до 20:00 часот
улица Максим Горки 25/4 1000 Скопје, Македонија
0 items - 0 ден 0

НАСТАНИ: „САКАМ ПИВО ДЕН“ + „КРАФТИНГ ПИВСКИ САЛОН“ ПИВСКА ЗАБАВА НА ОТВОРЕНО ВО ЕДЕН ДЕН

Ноќта наспроти светскиот ден на Музеите, порталот Сакампиво.мк портал за промоција на пивото и пивската култура во Македонија, во соработка со Музејот на Македонија, на 18 ти мај го организира првиот дел од второто издание на „Крафтинг Пивскиот Салон“, односно „Сакам Пиво ден“

 

„Сакам Пиво Ден“ е замислен како еднодневен настан или пивска забава на отворено каде што учество ќе земат локални пивари, увозници, корнер за крафт односно занаетчиски пива и секако дел од домашните производители на пиво ќе бидат присутни со нивните омилени пива.

На Сакам Пиво ден учество ќе земат и одредени пабови каде што се промовира и шири пивската култура во Македонија, а на порталот застапена преку рубриката „Каде на Пиво“, увозници за суровини и опрема за домашно пиво, како и одлична храна и супер музика.

Билетите се веќе пуштени во продажба по симболична цена од 200 денари на мк тикетс мрежата на следниот линк: билети за он лајн продажба. со што со покажување на ваучерот на врата посетителот добива брендирана чаша од настанот која што може да ја користи за дегустација на одредени пива.

Листата на учесници е веќе затворена, како што најавивме на отворениот конкурс кој беше активен 2 недели, заклучно до 1ви Мај.

досега се пријавени 10тина производители на домашно пиво, 4 локални пивари, 6 увозници на пиво, 3 фирми за суровини и опрема за производство на домашно пиво, храна и музичка програма со домашни дј артисти. очекуваме гости од Хрватска, Чешка Република, Словенија, Бугарија…

Листата на учесници ќе биде објавувана тековно на Фејсбук страната на настанот.

Настанот ќе се одржи на 18ти Мај сабота на платото пред Куршумли ан, односно Музејот на Македонија од 12 до 20 часот.