Skip to content Skip to footer
Отворено: понеделник до петок од 12:00 до 20:00 часот
улица Максим Горки 25/4 1000 Скопје, Македонија
0 items - 0 ден 0

НАСТАНИ: ПИВО И ЧОКОЛАДО, ДЕГУСТАЦИЈА И ЕДУКАЦИЈА, САКАМ ПИВО И АРТ КАФЕ КАШМИР

 

Како што најавивме претходно од месец Февруари започнуваме со сесии на комбинации односно спарување на пиво со храна, се со цел да го доближиме пивото и до оние конзументи кои не го сакаат. Често пати медиумите знаат да го искомерцијализираат овој месец преку неговите два најголеми празника кои се случуваат тој период. Некој го слави Свети Трифун , некој свети Валентајт, сите заедно го поврзуваат со виното, ставајќи го пивото во подредена улога. Но дали мора секогаш да е така? Секако не.

 

 

Преку овие сесии кои ги нареков како серијал на „Пивски приказни“ според книгата која што би требало да се издаде оваа година сакаме да го доближиме вкусот на пивото до пошироката публика на еден поинаков начин на дегустација и негова презентација од оној на кој сме навикнати секојдневно да го конзумираме од шише, на шанк, на фудбалски натпревар, во парк, на концерт, и да велиме дека е газирано, ме дуе ме боли глава и слично. Но кога ќе му посветите малку повеќе внимание и пристапите со сите сетила тогаш пивото ќе ве освои вас.

Оваа прва сесија на спарување на пиво со храна ја започнуваме со приказната за пивото и чоколадото. 5 пивски стилови и пивски приказни со 5 типови на чоколадо. Мислев да се фокусирам само на темните пива со темните чоколада, но кога мапку повеќе навлегов и присуствував на неколку слични сесии на некои настани во Италија во организација на Quality Beer Academy во рамките на настаните на Slow Food Terra Madre Salone del GUSTO (во 2016 и 2018 година), видов дека всушност чоколадото може да се спари речиси со секој тип на пиво.

Иако сите виното го сметаат за врвна комбинација при спарување со чоколадо, пивото и чоколадото може да создадат неверојатни комбинации. За разлика од виното, карбонизацијата на пивото може да го разбуди непцето и да го подготви за следниот чекор, вкусување на чоколадото. Пивото и чоколадото имаат многу заеднички работи, и двата производа се резултат на ферментација, и нивниот вкус зависи од начинот на ферментацијата. И пивото и чоколадото се каратеризираат со рачно производство, традиционално го произведуваат и мали семејства со висок квалитет. Пивото и чоколадото се деликатна рамнотежа на горчливи и слатки вкусови. Најуспешното спарување ќе се случи кога избалансираното пиво ќе ги истакне вкусовите на чоколадото.

 

Кога се служат повеќе пива се почнува со најлесните и се преминува на потемните вкусови.

Не се служи ниту пивото ниту чоколадото директно од фрижидер, туку се прилагодува на собната температура за да се доживее целосна длабочина на вкусот.

Експериментирајте со вкусување на првото пиво, а потоа пробајте го чоколадото, и потоа пробајте го обратниот процес.
Може да бидете изненадени од разликата на вкусовите

Општо земено, кога спарувате пиво и чоколадо, треба да се задржите на сладок вкус со сладок вкус, и горчливо со горчливо, но исто така убаво е да пробате и со контрасти.
Стаут пивата на пример може да бидат добри при спарување на пиво со чоколадо во кое доминира кафето или какао вкусот, или со висок процент на темните чоколада.
ИПА пивата се добри со полесните темни чоколада средно тело. Се избегнуваат горчливите чоколада со горчливите пива бидејќи горчината ќе стане доинантна. Високата киселост на белите пива не се спарува добро со некое чоколадо, но доколку најдете некој пченичен ејл кој не е многу кисел, неговата свежина и освежувачки вкус најдобро ќе се спари со некое чоколадо со цитрусни ноти.

 

Првата сесија на пиво и чоколадо ќе се случи на 11 Февруари во арт кафето Кашмир, бидејќи правењето но и дегустирањето на пиво е вистинска уметност, како што е уметност и традиција правењето на чоколадото.

Настанот ќе се случи во време од 18 до 19 30 часот. Партиципација е 600 ден а бројот на посетители е лимитиран на 20. Пријавување и резервација на телефонот 070 266626 и на емаил адресата.: info@sakampivo.mk

Фокусот ќе биде на 5 стилови на пиво од различни земји со 5 типови на чоколадо, соодветно и на крајот различни комбинации.На крајот ќе ја пробаме и комбинацијата на домашни црни пива со домашни чоколада како бонус.

од селекција на пива се определив за тоа што има на пазарот: за прв пат ќе посетителите ќе имаат можност да го пробаат германското дарк лагер пиво од типот на Шварцбиер Коштризер, потоа Чешкото Приматор Стаут, Данското Микелер …,

Ако се покаже успешна прватга сесија може да се повтори и со некои десерти, а ќе следуваат и слични со сирење, паста, готвење со пиво итн итн

линк за пријавување