Skip to content Skip to footer
Отворено: понеделник до петок од 12:00 до 20:00 часот
улица Максим Горки 25/4 1000 Скопје, Македонија
0 items - 0 ден 0

НА ПИВО СО: СЛОБОДАН ТЕМЕЛКОВ (ВЕЛЕС), „ЖЕЛБАТА ЗА УБАВО ПИВО Е КАКО ШЛАГ НА ТОРТА НА КРАЈОТ ОД ДЕНОТ“

Слободан Темелков (36 г. од Велес), е дипломиран правник, кој не работи по струката а вработен е во Макпетрол. Оженет е и татко е на две девојчиња. Со домашното пиварство се занимнава од 2017 година. На Крафтинг пивскиот салон ќе се претстави со три типа на пиво по негов сопствен рецепт и со делумно негови суровини,

 

Кога започна со домашното производство на пиво и што те натера на тоа?

Првата тура ја сварив на 25.11.2017 год на која и претходеше 4 месечна теоретска подготовка и собирање на опрема. Од секогаш сум бил фасциниран од пивото како пијалок, па кога сватив дека можам сам да го правам во домашни услови…неможев да одолеам.

Што најмногу те мотивира? Зошто се определи за пивото, а не вино или ракија на пример?

Желбата за убаво пиво како шлаг на торта на крајот од денот е мојот најголем мотив. Мислам дека по неколку направени тури, луѓето сфаќаат дека ова хоби нема граници, пивото што можеш сам да го направиш знае да биде магично, се разбира треба многу трпение и посветеност но крајниот резултат е восхитувачки… Инаку во мојата куќа ракија се вари околу 100 год..Од прадедо, па дедо, па татко, па син… сега е редот на мене и јас и ја варам и правам одлична ракија (се надевам ќе го потврдиш тоа после проба) но варењето ракија не ме привлекува ни одблиску како правењето домашно пиво…

Каде произведуваш? Во домашни подрумски услови или сакаш и на отворен простор?

Произведувам во домашни услови (буквално низ цела куќа. Во дневна укоминувам, во кујна варам, во двор ладам.. и негде низ куќата каде најмногу одговара температурата.- ферментирам

Каде се одвива ферментацијата? Дали си склон кон дизајнирање на сопствена опрема по свој вкус или одиш на готови решенија? Со што капацитет располагаш во моментов и каков тип на опрема?

Јас сум буквално хоум брувер работам по метода BIAB (во торба) по теорија и дефиниција…опремата ми е доста примитивна, но се трудам да го извадам максимумот од неа, односно со тоа што располагам да стигнам до супер резултати…Капацитетот ми е 19- 22 литра во ферментор или класично хоумбруверски 5-5.5 галони. Се разбира дека планирам да преминам на посовршена опрема која планирам јас да ја направам…

Кои се твои омилени пивски стилови кои сакаш да ги произведуваш и конзумираш и зошто токму нив?

Од кога почнав да се занимавам со домашно пиварство се запознав со пејл ејл – от и буквално се навлеков на него, иако правам oдлични хефевајзени, а и по некој лагер. Американскиот пејл ејл и Англиски битер ми се омилени. Преубави Пивски Стилови.

Мотив за името на домашната пиварница. Кои се твоите очекувања во идниот развој на домашното пиварство во Македонија , Kако гледаш на перспективата за регистрирање на малите домашни производители.

Кога јас почнав да правам пиво мислев дека нема никој во Mакедонија што се интересира за домашно правење пиво. Но Гугл- от ме разубеди. Ми кажа дека еден господин од Скопје Марјан Костадиновски веќе подолго време е во потрага по совршено пиво, а излезе дека има и други. Мислам дека кога јас почнував, во Македонија Домашни Пивари можеа да се избројат на една рака. За 1 год ситуацијата е променета на подобро. Сега веќе мислам дека не има околу 30 тина, што се надевам дека е добро темпо.

Според тебе дали ти се допаѓа моменталниот развој на пивската сцена во Македонија, односот на големите компании кон развој на пивската култура и самите локали кои би требало да ја спроведуваат истата

Во врска со моменталниот развој на пивската сцена во Македонија мислам дека од нас домашните пивари зависи во која насока ќе се одвива, а големите пивски компании мислам дека никако не се на иста бранова должина со хоум бруверите и хоумбрувингот. Кај нив мотивот е еден – профит, за разлика од нас хоумбруверите каде мотивот е друг – убаво моќно пиво

кое е твое домашно македонско омилено пиво?

Домашно омилено пиво се знае скопско, но не можам а да не кажам дека во последно време доста уживам и во И.П.А та на Темов и нивниот Премиум Пилснер Рис

кое е твое омилено увозно пиво?

.од прва Сиера Невада Пале

Со кои пивски стилови ќе настапиш на годинешниот Крафтинг Пивски Салон?

Планирам со три типа на пиво. Првото е целосно мое со мој домашен слад, Второто е еден тип на американски блонд але со каскада хмељ, и третото е тип на хефевајзен со моја рецепта мој слад и со хмељ Сааз.