Skip to content Skip to footer
Отворено: понеделник до петок од 12:00 до 20:00 часот
улица Максим Горки 25/4 1000 Скопје, Македонија
0 items - 0 ден 0

НА ПИВО СО: ПЕТАР ТАЛЕСКИ, ПРОИЗВОДИТЕЛ НА МЕД И СЕКАКО ДОМАШНО ЗАНАЕТЧИСКО ПИВО

ПЕТАР ТАЛЕСКИ (41 ГОДИНА) – по професија дипмломиран електро инжинер, вработен во една реномирана банка во Скопје, оженет и татко на две деца Лука и Лина. Роден во Скопје во населбата Драчево.

Со Петар се знаеме веќе подолго време, но дознав дека прави пиво кога пред многу години се сретнавме во фирмата во која претходно работеше, и со гордост се изјасни дека си прави пиво дома, некоја варијација на пиво со цреши. По многу меѓусебни разговори, размена на исксутва, една прилика имавме и заедничко правење на пиво во мојот подрум и се согласивме со здружени сили да се појавуваме од време на време на вакви настани од отворен тип. Од претходниот, односно првиот Крафтинг Пивски Салон, Петар се појави со неговото Медо Пиво, пиво со мед од сопствено производство што претставува негова главна гордост. Овој пат ќе се појави со три варијации на тема пиво, а во прилог ви ги презентираме и неговите одговори на истите прашања за сите учесници.
,
Здраво Петар, кога започна со домашното производство на пиво и што те натера на тоа?
Се почна во 2012 година по посета на пивници во Германија, Холандија каде видов дека има пивници кои што си ги прават сами своите пива а и по гледањето на еден документарец Brew Masters на Discovery channel

Што најмногу те мотивира? Зошто се определи за пивото, а не вино или ракија на пример?
Поголем љубител сум на пивото во споредба зо виното и ракијата а и да направиме нешто различно нешто ново. Веќе секој прави вино и ракија дома но малку се луѓето што прават пиво барем кај нас, а во светот овој бран завзема голем замаф во моментов.
Исто така бидејќи пивото бара повеќе технологија можам да го вклопам и другото хоби што го имам автоматика и електроника па можам да си експериментирам со нови технолошки уреди што ќе ми користат и во производството.

Мал дел од неговиот пивски подрум

Каде произведуваш? Во домашни подрумски услови или сакаш и на отворен простор?
Си направив посебен простор за оваа намена во подрумските простории.

Каде се одвива ферментацијата? Дали си склон кон дизајнирање на сопствена опрема по свој вкус или одиш на готови решенија? Со што капацитет располагаш во моментов и каков тип на опрема?
Претпочитам се да си направам сам. Располагам со систем кој сам го направив комплетно од водовод, електрика, електроника. Моментално капацитетот ми е 50л boil со план за надградба до 100л одкако ќе го решам проблемот со миеење и дезинфекција на шишиња.

Со оглед на тоа дека периодот кога си почнал со пиварството немаше никаков извор на суровини, како се справуваше со сето тоа? дали си склон кон експериментирање или одиш строго по рецелт?

Првите суровини ми ги носеа од Словенија, тогаш работев во една словенечка ИТ компанија со претставништво во Скопје. Рецептите ги користам за ориентација но секогаш на крај нешто се експериментира и импрпвизира. Бидејќи менаше можност да се експериментира со стилови, често пати хмељот знаев да го соберам и покрај Вардар и од Лепенец.

трите пива на Петар со кој ќе се појави на Крафтинг Пивскиот Салон

Кои се твои омилени пивски стилови кои сакаш да ги произведуваш и конзумираш и зошто токму нив?
American Pale Ale заради неговите убави ароми и мириси од ароматичните хмељови Ова повеќе го сакам на лето. Stout како појако потешко пиво за во зима, како и пивото кое мислам дека е единствено и по кое и се разликувам од останатите домашни пивари пивото со мед од сопствено производство кое е со убава темно црвена боја и има благичок вкус.

Мотив за името на домашната пиварница. Кои се твоите очекувања во идниот развој на домашното пиварство во Македонија , како гледаш на перспективата за регистрирање на малите домашни производители.
Сеуште нема име затоа што сеуште ова е хоби и пивото се пие само со роднини и пријатели и стои на етикетите името на пиварот односно моето име. Очекувам да се олеснат малку законите и за домашните производители како што се олеснувањата за производителите на вино и ракија. Во моментов има некои олеснувања за мали пивари но тие се пак преголеми за нас 150000л на годишно ниво е премногу за нас. Треба да има и микро производители на пиво. Очекувам уште да се прошири домашното пиварство и да се развива пивската култура. Ние сме сега со пивото како пред 20-тина години кога се развиваше винската култура се знаеа само црно и бело вино да не именувам брендови а денес има еден куп убави вина и се отворија и доста мали винарии кои го освојуваат светот. Се научија и луѓето денес што е вино и како се пие па денес овие вина што порано се пиеја се пијат само мешани со сок или кисела вода исто ќе биде и со пивата. Ако има соодветни олеснувања и да може и да се продава голем од домашниве пивари сигурно ќе сакаат да се регистрираат а некој од нас сигурно во блиска иднина и ќе отвори некоја пивница или микро пивара.

Според тебе дали ти се допаѓа моменталниот развој на пивската сцена во Македонија, односот на големите компании кон развој на пивската култура и самите локали кои би требало да ја спроведуваат истата
Сеуште сме на почеток на оваа сцена. Треба уште да се развива оваа сцена.

Кое е твое домашно македонско омилено пиво?
Скопско Smooth, Златен Даб, Староградско црвено.

Кое е твое омилено увозно пиво?
Старопрамен, Туборг, Гинис,

Петар со неговата фамилија