Skip to content Skip to footer
Отворено: понеделник до петок од 12:00 до 20:00 часот
улица Максим Горки 25/4 1000 Скопје, Македонија
0 items - 0 ден 0

НА ПИВО СО: МАРЈАН БАКРЕВСКИ (БИТОЛА) – СО ПИВО И КЛАРИНЕТ, НИЗ ЦЕЛ СВЕТ

Марјан Бакревски од Битола е професор по кларинет. Завршил на Универзитетот Моцартеум во Салзбург. Живее и работи во Битола, а освен со музиката го менаџира и поргалот ехрана.мк. Со Марјан, прв пат се запознавме на ланскиот прв собир на домашните производители на пиво во Битола во Задруга Артикултура, а исто така имавме и заеднички настап на Пазарот на фармери во Битола во организација на Слоу Фуд Битола. Со пиварство се занимава речиси две години чисто од љубов и хоби. на Крафтинг пивскиот салон ќе настапи со две негови пива Цитра пале але под името „домашна пиварница Бакревски“ или „Bakrevski Brewery“,

 

Кога започна со домашното производство на пиво и што те натера на тоа?

Домашното пиварство ме привлече пред некој седум – осум години. Поточно период додека престојував во Виена, на неколку наврати дегустирав крафт пиво од различни крафт пивници. Уствари, тој е моментот ко ја воочив разликата помеѓу крафт и индустриско прво.

што најмногу те мотивира? зошто се определи за пивото а не вино или ракија на пример?

Да го цитирам еден мој пријател кој што сериозно се занимава воздушни спортови: “За добра девојка треба да се потрудиш”. If you know what I mean

Каде произведуваш? во домашни подрумски услови или сакаш и на отворен простор?

Подрумски. Прво прозведував во дневна соба, многу пареа во процесот на праење. На два наврати на лето правев и на отворено – најдобро! Само ќе треба да се погодат временските услови, и пивото шо се конзумира да е ладно во моментот и да не е на сонце.

Каде се одвива ферментацијата? дали си склон кон дизајнирање на сопствена опрема по свој вкус или одиш на готови решенија? со што капацитет располагаш во моментов и каков тип на опрема?

Моментално фермантацијата ја правам во пластични и стаклени домашни ферментори. Животот ме има поднаучено дека готовите решенија ќе ти остават повеќе време да се посветиш на нешто друго.

Кои се твои омилени пивски стилови кои сакаш да ги произведуваш и конзумираш и зошто токму нив?

Засега произведувам само Але пива. Citra Ale и American Ale се две врсти на пива што досега ги имам произведено. Нив ги произведувам поради едноставноста и добриот вкус и арома. А за конзумирање…

кое е твое домашно македонско омилено пиво?

Домашните пивари во Македонија имат добри пива. Нема да одделам некој оти сите се посебни. Од поширока Македонија, Ставрос од Лерин

кое е твое омилено увозно пиво?

Пиво пијем само увозно да бих бољу мачку упознао. Инаку Битолско од индустриските.