Skip to content Skip to footer
Отворено: понеделник до петок од 12:00 до 20:00 часот
улица Максим Горки 25/4 1000 Скопје, Македонија
0 items - 0 ден 0

НА ПИВО СО: ИВАН МАНАКОВСКИ И ДИМО ПОПЧЕВ (ДОМАШНИ ПРОИЗВОДИТЕЛИ НА ПИВО)

По повод престојниот „Крафтинг Пивски Салон“ издание 1-2 порталот Сакам Пиво.Мк почнува еден серијал на прашања на дел од учесниците кои ќе се презентираат со своите пива. За почеток ги имаме и оние кои први се пријавија на конкурсот кој беше отворен пред еден месец Иван Манаковски со неговиот другар со кој ќе настапат заедно Димо Попчев.

Иван Манаковски (професија: економист и надежен програмер )

Кога започна со домашното производство на пиво и што те натера на тоа?

Од секогаш ме привлекувале нови работи па така и со пивото, беше новитет за мене, односно можноста сам да го направам и да експериментирам разни стилови кои не се достапни кај нас.

Што најмногу те мотивира? Зошто се определи за пивото а не вино или ракија на пример?

Пред се од љубопитност и нешто што за мене беше новитет. Ракија и вино не ме привлекува, а сум учествувал во процесот на правење на истите.

Каде произведуваш? во домашни подрумски услови или сакаш и на отворен простор?

Во двор или на тераса и подрум (ферментирање)

Каде се одвива ферментацијата? дали си склон кон дизајнирање на сопствена опрема по свој вкус или одиш на готови решенија? со што капацитет располагаш во моментов и каков тип на опрема?

Ферментацијата се одвива во подрум во специјални канти за ферментирање од 30 литри, и во буре од 90 литри кое сами го прилагодивме за ферментирање на пивото.

Кои се твои омилени пивски стилови кои сакаш да ги произведуваш и конзумираш и зошто токму нив?

Омилени пивски стил ми е Pale Ale и Stout. Најчесто произведувам IPA, АPA и Stout.

Мотив за името на домашната пиварница. Кои се твоите очекувања во идниот развој на домашното пиварство в Македонија , како гледаш на перспективата за регистрирање на малите домашни производители.

Името дојде сосем спонтано, како мотив за да правиме што подобро и поквалитетно пиво.
Искрено очекувам дека во наредните 10 години значително ќе се развие домашното пиварство во Македонија, и искрено се надевам дека ќе бидам дел од него.
Перспектива може да има, но само доколку ние како домашни производители се здружиме и сме децидни во она што го сакаме а тоа е развојот и негување на пивската култура во МК.

Според тебе дали ти се допаѓа моменталниот развој на пивската сцена во Македонија, односот на големите компании кон развој на пивската култура и самите локали кои би требало да ја спроведуваат истата.

Со самото тоа што во лето се форсира пиво а зимно време вино кажува дека ние за жал и немаме некоја пивска сцена.

Кое е твое домашно македонско омилено пиво?
Омилено не, меѓутоа прв избор од македоските пива ми е Skopsko smooth.

Кое е твое омилено увозно пиво?
– Paulaner Salvator
– Staropramen


Димо Попчев (професија: фотограф и психолог)

Кога започна со домашното производство на пиво и што те натера на тоа?

Пред половина година, а како мотивација беше желбата да се конзумира пиво кое одскокнува од медиокритетот на нашата пивска индустрија.

што најмногу те мотивира? зошто се определи за пивото а не вино или ракија на пример?

Пивото е концепт кој сеуште не е афирмиран на нашите простори.

Каде произведуваш? во домашни подрумски услови или сакаш и на отворен простор?

Домашни/подрумски услови.

Каде се одвива ферментацијата? дали си склон кон дизајнирање на сопствена опрема по свој вкус или одиш на готови решенија? со што капацитет располагаш во моментов и каков тип на опрема?

Ферментацијата се одвива во подрум, во пластични канти.

Кои се твои омилени пивски стилови кои сакаш да ги произведуваш и конзумираш и зошто токму нив?  Stout и IPA

Мотив за името на домашната пиварница. Кои се твоите очекувања во идниот развој на домашното пиварство во Македонија , како гледаш на перспективата за регистрирање на малите домашни производители.

Мислам дека иако многу бавно се одвиваат тие промени кај нас,сметам дека ќе има перспектива наскоро за домашните производители на пиво во кои се вклучувам и јас.

според тебе дали ти се допаѓа моменталниот развој на пивската сцена во македонија, односот на големите компании кон развој на пивската култура и самите локали кои би требало да ја спроведуваат истата

Воопшто не ми се допаѓа моменталниот развој на пивската сцена, како и големиот дефицит на пивска култура помеѓу луѓето и ангажираноста на големите компании околу истата.

кое е твое домашно македонско омилено пиво?

кое е твое омилено увозно пиво?

Staropramen