Skip to content Skip to footer
Отворено: понеделник до петок од 12:00 до 20:00 часот
улица Максим Горки 25/4 1000 Скопје, Македонија
0 items - 0 ден 0

НА ПИВО СО: ДАРЕ ТРАЈКОВСКИ „ОЧЕКУВАЊАТА НИ СЕ ДОСТА ВИСОКИ, КОГА МОЖАТ СОСЕДИТЕ, МОЖЕМЕ И НИЕ ДА СЕ РАЗВИВАМЕ ВО ОВОЈ СЕКТОР“

Даре Трајковски дипломирал на Економски факултет во Скопје, Со пиварството почнал да се интересира при негова случајна околност при еден негов престој во САД, а се занимва од 2017 година. Веќе 2 години со неговиот другар Иван Додевски произведуваат и домашен сајдер, ферментирана јаболка (од преспанскиот регион) кој ќе имате прилика да го пробате за прв пат во Македонија на 22ри декември. За Сакам Пиво даде едно интересно интервју.

Кога започнавте со домашното производство на пиво и што ве натера на тоа?

Па вака, за некоја среќа и склоп на околности летата 2015 и 2016 ги поминав во Ashville NC,USA каде што бев гостин на мојата кумашинка Марија и нејзиното семејство. На „обичните смртници“ не им е познат овој град, но за „пивољубците“ ова е рајот на земјата. Од 2009 година па наваму овој град бил четирикратно крунисан за „Beer City USA“ од страна на официјалната асоцијација на пивоварци (Brewers Association), која брои повеќе од 7,000 љубители на овој занает. Додека бев таму, секој ден после работа, наместо дома, се упатував во бар (нормално) и дегустирав по едно пиво од локалните крафт пивари (ги имаше околу 20тина од кои и Sierra Nevada). Ги „малтретирав“ моите пријатели кои ме следат на социјалните мрежи со „Beer of the day“, а исто така имам солидна колекција од етикети (Panini еве ви идеја за албум, частете се). Инаку, сопругот на мојата кумашинка – Хенк беше тој што ми го смени вкусот, тогаш бев неук (како и голем дел на македонците, бидејќи тука во тоа време ни се нудеше воглавном само лагер). Тој ме запозна со другите стилови на пиво како : pale ales, IPA’s, porters, sessions, blondes, sour beers & etc. Исто така ме примети дека се „загреав доста“, па ме испрати до „Ahsevilles Brewers Supply Shop“ да земам намирници и да ми покаже како се изготвува оваа древна пијачка.

Што најмногу ве мотивира? Зошто се определивте за пивото, а не вино или ракија на пример?

Кога се вратив назад во Македонија може да се каже дека иако бев физички тука, со паметот бев таму, а за тоа е најголем сведок е Иван, мојот најдобар другар, а сега и колега (brewer). Пробував да му ги опишам вкусовите али со зборови не можев да му доловам ни 10% од тоа што сум искусил, па одлучивме да се пробаме. Супер беше идејата али намирници никако да се најдат (пивски квасец баравме добри 6 месеци), тогаш пред да се откажеме, не знам како, ни дојде идеја да пробаме да направиме сајдер и више две години се занимаваме со него. За тие што не знаат сајдер е ферментиран пијалак од овошје (воглавном јаболки) кој се смета како „отфрлениот брат“ на пивото (ќе го пробате на 22ри). После две години на сцената се појави Предраг со својата продавничка Пиводром (за мене „Ahsevilles Brewers Supply Shop“) кој го запознавме на Првиот Собир за Занаетчиско Пиво кој се одржа во „Кашмир“ (одличен настан кој не мотивираше да се пробаме повторно со пивото), а за ракија и вино, само уживаме во нив уз добро мезе, сега за сега.

Каде произведувате? Во домашни подрумски услови или сакате и на отворен простор?

Како и големиот број други занаетчии и ние сме си „подрум шема“, али сонуваме за 120.000 квадратни метри под кров

Каде се одвива ферментацијата? Дали сте склони кон дизајнирање на сопствена опрема по свој вкус или одите на готови решенија? Со што капацитет располагате во моментов и каков тип на опрема?

Може да се каже дека сме доста верни на DIY метода, сега за сега. Според нас подобар „филинг“ е кога се соочуваш со проблем и пробуваш да го решиш со ресурсите што се околу тебе, да се биде креативен, тоа е КРАФТ.

За ферментори користиме стаклени бочви и буриња од прехрамбена пластика со капацидет од 100 тина литра, а и размислуваме за INOX.

Кои се вашите омилени пивски стилови кои сакате да ги произведувате и конзумирате и зошто токму нив?

Искрено немаме омилен стил, секаде каде и да се седне сакаме да пробаме нешто различно, нешто ново, до сега се имаме сретнато со доста „луди“ вкусови како на пример, „пушено пиво“ во Schlenkerla (Bambеrg, Germany) кое го прават од далечната 1405 година или сајдер со вкус од кисели краставички од Noble Cider (Asheville, NC) – топло ги препорачуваме 😛

Мотив за името на домашната пиварница. Кои се вашите очекувања во идниот развој на домашното пиварство во Македонија , како гледате на перспективата за регистрирање на малите домашни производители.

Очекувањата може да се каже дека ни се доста високи, штом србите можат можеме и ние, „Кабинет“ и „Догма“ го поместија Балканот од „status quo“ позиција. Кај нас, во последните неколку години изникнаа неколку пабови/кафичи што почнаа да ја зголемуваат понудата на својата пивска листа и народот одлично го прифати тоа. Како што се спомнавме погоре, лагерот не треба да биде единствениот вид на пиво (кхм..грав не се јаде секој ден).

Инаку, името ни е „Belleza Brewing што, како и од каде, ќе оставиме за друг пат, али во буквален македонски превод e „Подготовка на убавина“.

Кое е вашето домашно македонско омилено пиво?

Скопско Темно и Дапче стакло, кога мораме…

Кое е вашето омилено увозно пиво?

Кабинет Плаво и Кромбахер Вајс.

Со што ќе се претставите на 22 ри Декември пред жедната македонска публика за домашни пива, освен со сајдерот секако?

Belleza Brewing, односно јас и Иван освен со сајдерот ќе настапиме и со наша верзија на Imperial Pale Ale