Skip to content Skip to footer
Отворено: понеделник до петок од 12:00 до 20:00 часот
улица Максим Горки 25/4 1000 Скопје, Македонија
0 items - 0 ден 0

МАКЕДОНИЈА: ШАНСА ЗА ИДНИТЕ НОВИ МАЛИ ПИВАРНИЦИ ПРЕКУ НОВИОТ ЗАКОН ЗА ПИВО

Земјоделците што од грозје, сливи, или од друго овошје произведуваат ракија и други жестоки алкохолни пијалаци во домашни услови, ако го продаваат пијалакот, нема да мора да регистрираат фирма, но ќе мора да се регистрираат во посебен регистар како мали производители на жестоки пијалаци и да плаќаат акциза. Акциза ќе плаќаат и малите производители на пиво и на вино, но тие ќе мора да се регистрираат како мала пиварница или мала винарница.

 

Ова го предвидува Предлог-законот за акцизи, кој е ставен на јавна расправа. Во новото законско решение е наведено дека мала пиварница може да има најмногу годишно производство од 150.000 литри пиво, во малата винарница најмногу може да се произведе до 100.000 литри вино, а за земјоделците што произведуваат ракија максимално дозволена количина на годишно производство е 1.000 литри чист алкохол, додека за малите дестилации за алкохол максимално дозволената количина е 2.000 литри алкохол годишно. Овие ограничувања се важни за производителите затоа што тогаш тие користат одредени поволности во однос на акцизата  за големите производители.

Ракија ќе се прави со закажување

Земјоделците може самостојно да произведат годишно околку 2.300 литри ракија. Всушност, во оваа количина има 1.000 литри чист алкохол ако ракијата е со јачина од 45 степени. А според предложените измени, на произведената количина се плаќа акциза од 30 денари по литар жесток алкохолен пијалак со просечна јачина од 45 отсто.

Во предложеното законско решение, Царината мора да биде известена кога и каде се произведува ракијата.

„Земјоделецот – мал производител пред  да започне со дестилирање на овошјето е должен да го извести надлежниот царински орган дека ќе започне со производство, наведувајќи ги точната дата и време во кое ќе се одвива производството без прекин, место на дестилирање, видот на овошјето кое ќе го дестилира, количината на комина и очекуваната количина на жесток алкохолен пијалак и планираната количина на акцизни марки“, пишува во Предлог-законот.

Во Предлог-законот е наведено и дека „жестоките алкохолни пијалаци произведени од земјоделците се пакуваат во садови со зафатнина најмногу до 5 литри за крајните купувачи и за продажба во угостителски објекти“.

Мали винарници и пиварници

Редовните акцизи за пивото се 4 денари за еден процентволуменски удел на чист алкохол. За вината акцизата е нула, но за она што е дефинирано како меѓупроизвод има акцизи од 33 денари и 55 денари, во зависност од содржината на алкохолот. Додека, пак, за жестоки пијалаци се плаќа 340 денари за еден литар чист алкохол.

За малите пиварници е пропишано акцизата да се плаќа со намалување од 20 до 50 проценти од редовната акциза во зависност од произведените месечни количини, така што помалите количини се со поголеми ослободувања.

За малите винарници не важат некои правила што важат за големи во однос на акцизите, а кај малите дестилерии за жесток алкохолен пијалак, акцизата е намалена за 50 проценти во однос на редовната.

Ако се надминат количините во малите пиварници и дестилерии, важат редовните акцизни стапки и правила.

Извор СЛОБОДЕН ПЕЧАТ