Skip to content Skip to footer

LONDON PORTER И ПРИКАЗНАТА ЗА ОВОЈ ПИВСКИ СТИЛ

Како последна преостаната Лондонска семејна фабрика за пиво, останаа доследни и жестоки бранители на традиционалните пивски стилови посебно Porter Пивото. Porter Пивото напредуваше во главниот град уште од пред неколку векови, а стилот изумре на почетокот на 19тиот век. Fuller’s повторно го врати овој стил на картата.

Богато, темно и кремасто пиво, добитник на многубројни награди низ целиот свет и секаде се смета за најдоброто Porter пиво во целиот свет.

Содржи 5,4 % алкохол, мешавина на три вида на слад, кои му даваат арома на чоколадо, кафе, и благодарение на нив одговара на широк спектар на храна од богати јадења со месо до пудинзи од чоколадо.

++++++++++++++++++++++++++++++++++++++++++++++++++++++++++++++++++++++++++++++++++++++++++++

Porter пивото се појави во раниот 18-ти век и се смета за еден од најзначајните настани во поглед на пиварството во последните 300 години. Во време кога Англија беше предводник на Индустриската револуција, овој темно кафен пијалок беше револуција во пиварството. Porter пивото стана првиот стил на пиво кој се здоби со широка популарност – во него уживаше цела Велика Британија, па дури беше омилено пиво и на Џорџ Вашингтон. Пред појавата на Porter пивото, производството на пиво беше лимитирано во домовите и во пабовите. Пабовите односно alehouse како што ги нарекувааа, складираа разни видови на пиво: свежо произведени пива, одлежани пива и силни пива. Конзументите често пати правеа миксови од овие пива, според нивниот вкус и секако буџет.

За прв пат во 18 – тиот век, Лондонскиот мајстор пивар Ралф Харвуд, го направил првиот Портер со цел да го замени тогаш популарното класично пиво и било наменето особено за силните работници кои работеле на пристаништето кои имале тешка физичка работа, а ги нарекувале Портери, односно носачи и најмногу го конзумирале. Пивото било густо и хранливо, имало подолг рок на траење, не било толку осетливо на температурите, а со стареење се зголемувала содржината на алкохол во него, и најважно од се било ефтино за производство и конзумирање. Голема количина на Porter се извезувала во Ирска, а на крај почнал да ја произведува и Артур Гинис. Во 19 тиот век „Портер“ пивото ја добива својата препознатлива црна боја и силен вкус.

Рон Патерсон, пивски историчар, наведува дека Лондонските пивари во раниот 19-ти век користеле идентични рецепти за своите Porter и STOUT пива, каде што единствена разлика била во помалата количина на вода која што се користела за правење на STOUT пива, што ги правело да бидат посилни. Во минатото Porter пивата се правеле со светол слад од типот пале малт и се нарекувале Пеил Портер и имале 7,9% алкохол. Патентираниот слад за Porter пива бил создаден во 1817 година, како замена за скапите браон, кристални сладови. Ова направило Porter пивoтo да може да се прави по пониски цени, со оглед на тоа дека за нивното производство може да се користи мнозинскиот пеил ејл слад кој дава добар екстракт (односно повеќе алкохол) и мал удел од патентираниот слад. Истражувањата кои ги спровел Рон Патерсон говорат и тоа дека во втората половина на 19-тиот век Лондонските пивари почнуваат да применуваат различни рецепти за своите. За правење на Стоут пива користат помалку црн слад, а повеќе браон и кристал сладови, во однос на Портер пивото. Резултатот на тоа било дека Стаут пивата биле нешто послатки и со полно тело за разлика од слабите и суви Портери.

Пржениот јачмен стана дозволена состојка во пивото во Велика Британија во 1880 година. Но не предизвикал моментална револуција на темните пива, а пиварата „Гинис“ била првата која што почнала да го применува како состојка од 1930 година во своите Стаут пива.

Големо влијание во понатамошната револуција на темните пива имала и Првата Светска Војна. Високите даноци и рестрикции во врска со пивото предизвикале и голема штета по јачината на овие пива. До крајот на 1920 година, Портер пивата во просек имале 3,6% алкохол, а Стаутот 4,7%. Ако ја земеме повторно за пример пиварата „Гинис“ тогаш нивното „ Guinness Extra Stout“ имало 7,7% алкохол во 19ти век за да во 1930 година падне на 4,4%.  „Портер“ пивото бргу стана многу популарно и почна да се извезува во Данска, Русија, Скандинавските земји и Индија.