Skip to content Skip to footer

ЛИЧНОСТИ: ARTHUR GUINNESS (1725 – 1803) – ВИЗИОНЕР, ФИЛАНТРОПИСТ И ПИВАР

Артур Гинис – беше пивар, бизнисмен од Даблин, Ирска. Роден на 28 Септември 1725 година во Селбриџ Килдаре, Ирска. Тој се замеша со пивото, поради неговиот татко и дедо. Неговиот дедо бил висока личност во општеството, Артур Прајс како капелан во Селбриџ. Во 1722 година, инвестирал во локална пивара, каде што како директор на производството го ставил таткото на Артур Гинис, Ричард Гинис.Sir Arthur Guinness, founder of the brewery, was born September 28, 1725 -  or thereabout. | Celebrities, Sir arthur, National holidays

Артур Прајс бил архиепископ во Кашел, Ирска, во 1744 година. Во 1752 кога тој починал му оставил на Артур Гинис наследство од 100 фунти, според неговата воља, кои требало да бидат потрошени за проширување на неговата пивара. Според историските податоци во 1755 година Артур Гинис ја купил пиварата во Леикслип, на само 17 км од Даблин, каде што пет години произведувал Але пиво.

Во 1759 година, тој дипломирал и почнал да работи на големи проекти. Ја оставил пиварата на неговиот помал брат и се преселил во Даблин. На 31 Декември 1759 година, го склучил најдобриот договор во светот. Ја издал за следните 9000 години за 45 фунти, една од најдобрите пивари во Даблин, добро познатата Ст Џејмс Гејт. Во Британија пивото кое што го произведувале било познато како пиво со горна ферментација, исклучително але пиво. Од друга страна пак бил оспоруван од Германија поради нивниот закон Reinheitsgebot кој ги ограничува. Во тоа време, пивата кои биле барани на пазарот биле Але пива, пивата кои исто така се прозиведувале во пиварата на Артур Гинис. Следејќи го развојот на пазарот, Артур Гинис е заслужен за успехот на увезениот Портер стил на пиво во Англија и се определил да го произведува овој исклучителен стил менувајќи ја важноста на прозиводството во 1799 година.

Неговата моќ била таква да тој го развил успешниот извоз на овие пива од Ирска во Англија. Првиот извоз бил во Мај 1769 година. Силните пива кои Артур Гинис ги произведувал биле извезувани под името “Extra Stout” Портери, кои подоцна ги изменил во Стаути.

Во 1761 година тој се жени со Оливија Витмор, со која имале 21 дете, од кои само 10 успеале да ја надминат адолесценцијата. Од 1764 година тој се сели на Северот од градот, во куќа која тој ја изградил самиот како бизнисмен со свои пари. Артур Гинис почина на 23 јануари во 1803 година, на 77 годишна возраст. Тогаш пиварата произведувала 30000 хектолитри Портер годишно.

Артур Гинис се карактеризира како пионер и иновативен бизнисмен кој никогаш не стравувал од ризикот. Бил одлучен и никогаш не давал ништо подалеку и повеќе од она што го добил со напорната работа. Тој донирал на студентите и сиромапните луѓе, отстапувајќи им дел од профитот од пиварата. Поради тоа бил карактеризиран и како хуманитарец, поради неговите акции и работа со која бил познат и подалеку од Ирска. Во историјата ќе биде забележан како основоположник на глобализацијата на брендот Гинис, пивар со визија и бизнисмен.