Skip to content Skip to footer
Отворено: понеделник до петок од 12:00 до 20:00 часот
улица Максим Горки 25/4 1000 Скопје, Македонија
0 items - 0 ден 0

КУМАНОВО: 4 ТИ МЕЃУНАРОДЕН САЕМ НА ОРГАНСКИ И ТРАДИЦИОНАЛНИ ПРОИЗВОДИ 2021

Саемот е спој на убавото и корисното и прилика да се запознаеме со иновативното и современото. Ова не е најголемиот саем, но е единствениот во Р.С. Македонија и регионот. Саемот ќе се одржи на 25ти Септември Сабота, во спортско рекреативниот комплекс во Куманово, од 08 до 18 часот, со свечено отварање кое што е закажано во 12 часот .

Преку организирање на панел дискусии, работилници и конференции, и пред се со организирање на меѓународниот саем Органска Трпеза 2021 се помага на учесниците да ги согледаат предизвиците со кои што се соочуваат, да ги надминат истите и да ги развијат и подобрат деловните контакти локално, и во регионот на Централна и Југоисточна Европа, како и да го започнат вмрежувањето на глобално ниво.

„Органска трпеза“ има за цел да стане централно место за презентација, промоција, дегустација и продажба на одбрани производи, размена на знаења, искуства и деловни можности, во овој дел од Европа, за областите на органски и традиционални производи. Покрај операторите со храна, ќе учествуваат и компании што се занимаваат со производство и трговија на опрема и амбалажа, за преработка, пакување, обележување и следење на прехрамбени производи. Ова година има пријавено учесници од Македонија, Србија, Бугарија, Ерменија, Хрватска, Словенија, Руска Федерација, Словачка, Црна Гора, Косово, и други.

Саемот има изложбено продажен карактер.

Повеќе информации и пријавување за учество на следниот линк.