Пивото играше витална улога во исхраната, религијата и секојдневниот живот на раната цивилизација и продолжува да се ужива низ целиот свет. Ништо од тоа не би било возможно без жените како мајстори на пивото. Апсолутно во сите општества, жените низ светската историја беа примарно одговорни за процесот на подготовка на пивото.
Најстариот познат пишан запис за пивото, „Химната на Нинкаси“, датира од античка Месопотамија, од 1800 п.н.е,, според книгата „Uncorking the Past: The Quest for Wine, Beer, and Other Alcoholic Beverages“ од Dr. Patrick McGovern. Мекговерн е исто така научен директор на проектот за биомолекуларна археологија и помошен професор по антропологија на Музејот на Универзитетот во Пенсилванија.
Нинкаси била Сумериска божица на пивото. Химната не само што ја фали, туку дава рецепт за правење пиво од јачмен и дискутира за техниките на производство.
Во силното патријархално општество, варењето на пиво било единствената професија во античка Месопотамија каде граѓаните ги повикувале божиците за заштита и помош. Сумерските жени немале многу можности да заработат за живот, но тие биле одговорни за подготовка на пиво и им било дозволено да отворат свои таверни.
„Кодексот на Хамураби“, збирка од речиси 300 закони кои раководеле во античка Месопотамија, вклучувајќи го и Сумер, им дал целосна јурисдикција над пивото и пиварството на жените, означено со зборот „таа“ што се користи за да се опише секој сопственик на таверна.
Во древниот Египет, производството на пиво се сметало за домашна работа и се изведувало исто така првенствено од жените. Скулптурите, резбите и другите форми на уметност претежно прикажуваат жени кои го прават пивото, според „A History of Beer and Brewing“ од Иан С. Хорнси.
Како античка Месопотамија, древните Египетски божици биле исто така важен дел од процесот на подготовка на пиво. Се верувало дека божицата Хатор е „пронаоѓач на пивото“. Имало дури и годишен фестивал на кој се славело нејзиното „пијанство“.
Во делови од Јужна Америка, чичата (chicha) или пченкарното пиво, одигралч важна улога во секојдневниот живот, според Мекговерн во „Откривање на минатото“. За време на Империјата на Инките (1400–1533 н.е.), пивото се користело како начин на плаќање, се пиело на гозбите и играло голема улога во религиозните практики. И жените на елитата на општеството го правеле тоа пиво.
Во својата книга „Ale, Beer and Brewsters in England“, Џудит М. Бенет пишува: „Жените некогаш вареле и продавале поголем дел од але пивото во Англија“.
Во Англија од 14.век, пивото не се пиело само за време на социјални прилики, туку било витален дел од исхраната на луѓето. „Толку многу претходни општества се потпираа на [пивото] како многу голем извор на неговите хранливи материи“, вели Тара Нурин, хонорарна новинарка и соработник на тема пиво и алкохолни пијалоци за Форбс. Таа моментално пишува книга која ја прикажува историјата на жените пивари (пивовари?), почнувајќи од предцивилизацијата до модерното време.
Англиските жени кои правеле пиво ги нарекувале „brewsters“ – термин за женски производител на пиво, кој од тогаш бил исфрлен од употреба од пивскиот лексикон.
Како и во древните општества, пивото им давало на жените во средновековна Англија можности за работа кога немале многу други обврски. На жените им било дозволено да бидат дегустатори на але пивото. Тие земале мали примероци од пивото и утврдувале дали да се продава по фер цена.
Во Холандија од 13.век, „жените биле толку важни за производство на пиво, што владата всушност ја ограничила сумата што мажите можеле да ја направат“, стои во книгата „Beer in the Middle Ages and the Renaissance“ од Ричард В. Унгер.
Исто така, постојат записи од почетокот на 13.век за жени кои водат таверни и пиварници во Данска и Германија.
Во 16.век, Ана Јансенс поседувала и управувала со најмалку четири пиварници во Антверпен, Белгија, но таа не била единствената жена во Белгија во 16-иот и 17-иот век.
Како и да е, откако станалч пивото профитабилно, жените биле исфрлени од играта. Во САД денес, дури 22.6% од сопствениците на пиварите се жени. 7,5 % од нив учествуваат директно во производството. според податоци од 2018 од Brewers Assotiations
„Постојат три сили кои во основа ги исфрлија жените од производството на пиво и ги ставија мажите, а тоа се религијата, политиката и економијата“, вели Нурин. Во Америка, на пример, жените вареле пива главно во својот дом. Секој вишок бил подарен или продаден. И во најголем дел, пивото требало да се консумира свежо. Но, како што технолошкиот напредок навлегол во производството на пиво кон крајот на 18.век и пивото почналч да се произведува во поголем обем, жените немале капитал за да направат каква било инвестиција. Нурин, исто така, вели дека имало голем притисок од науката во Америка и Европа во текот на 19.век.
Но, и покрај овие тешкотии, се постигнл неспорен напредок. Организациите како Pink Boots Society, основана од долгогодишниот пивски мајстор Тери Фарендорф, на пример, им помага на жените во индустријата за пиво преку образование и можности за вмрежување. „Гледаме жени вклучени во пивото на нивоа што не биле видени уште од колонијалните времиња“, вели Нурин.
Без разлика дали тоа е направено дома или во голема пиварница, пивото е важен дел од цивилизациите веќе илјадници години.
Следниот пат кога ќе отворите ладно пиво, запомнете дека тоа е дело на женските пивари во текот на илјадниците години, што ни го овозможиле тоа.