Skip to content Skip to footer
Отворено: понеделник до петок од 12:00 до 20:00 часот
улица Максим Горки 25/4 1000 Скопје, Македонија
0 items - 0 ден 0

КРАТКА ИСТОРИЈА НА ПИВОТО ВО ФУДБАЛОТ

Отсекогаш постоела поврзаност помеѓу пивото и фудбалот. Како што покажува мини серијата на Нетфликс за Англискиот фудбал во периодот од 1870 до 1880 година резултатите од првите натпревари пристугнувале во пабовите преку телеграф.

Клубот Ливерпул е основан во 1892 г oд Џон Хулдинг, кој тогаш бил сопственик на пиварница. Денес брендот Carlsberg е официјален партнер на клубот Ливерпул. И во минатото на Манчестер Јунајтед имаше еден паб и куче: во 1901 г кога компанијата сеуште се викаше Newton Heath LYR Football Club, и имаше жолто зелени дресови, играчите одлучија да организираат собирање на средства за да помогнат на задолженоста на клубот. Капитенот на тој тим се викаше Хари Стафорд кој имаше куче по име Мејџр, кој за време на една од донаторските средби се изгуби и го најдоа во една од локалните градски пивници која што беше во сопственост на Џон хенри Дејвис. Дејвис и Стафорд тогаш склучија договор.

ФК Баерн Минхен исто така е роден благодарение на едно пивско друштво. кое што на средбата на 27 Февруари 1900 г во Кафе Гизела клуб во центарот на градот, а и не би можело да биде поинаку за тим кој секоја година учествува на Октоберфест со традиционалните носии. Во Мај, одтогаш од Германија, сликите од победникот во Бундеслигата секогаш го дочекуваат со илјадници литри пиво во рацете. Сепак, тоа не се случи во 2016 година, кога Баерн воден од Гвардиола ја освои шампионската титула и го совлада Инглштад со 2-1 на гости, и церемонијата беше спонзорирана од две води, (Баварците и домаќинот имаа две конкурентни марки на пиво).

Зборувајќи секогаш за спонзорите, дресот на Њукасл од 90тите години, е со незаборавното лого на пивото Newcastle Brown Ale. Heineken е веќе историски партнер на Лигата на Шампиони, додека играчите на Ливерпул на нивните дресови го носеа логото на Carlsberg 20 години. Во 2014 година, брендот Estrella Galicia, создаде специјални дресови, за шпанскиот клуб Club Deportivo Lugo кој прикажуваа кригла пиво, и оваа вест заврши на страниците на Washington Post.

Kennedy Bakircioglu

Којзнае дали во иднина Италјанскиот клуб U.S. Sassuolo Calcio, од Емилија Ромања, ќе ја продолжи соработката со Birra Pagnotta di Altamura, со оглед на тоа дека производителот е и напаѓачот Цисио Капуто, кој оваа година постигна 15 гола, во сезоната пред карантинот. Линкови и приказни помеѓу играчите и пивото има премногу. Поранешниот шведски интернационалец Кенеди Бакирчиоглу,е познат како голем љубител на пивото кој често и после секој постигнат гол знае да посегне по некоја голтка ладно пиво и да се полее со него. Роналдо пак од друга страна неодамна изјави: “Кога играв, морав да го кријам пивото, за да не дознаат дека пијам, потоа го ставав во лименките од Гуарана за да го маскирам“.

Пивото исто така има врска и со пеналите и познатиот Чешки збор Паненка. Во фудбалот, паненка е техника која што се користи при изведувањето на пеналите, во која играчот наместо да ја шутне топката лево или десно кон голманот, дава суптилен допир на топката од место кон центарот на голот, измамувајќи го притоа голманот. Оваа техника прв ја измисли Чешкиот играч Антонин Паненка, кој ја воведе во финалето на Светсткото Фудбалско првенство на УЕФА во 1976 година, Чехословачка ја победи Западна Германија, со што се обложил со голманот Зденик Хрушка:„Се обложивме за пари, пиво и чоколадо. Хрушка беше добар голман и често не можев да го совладам па морав да најдам начин како тоа да го реализирам. Размислував да шутирам полека кон центарот на голот, бидејќи тогаш голманот не би можел да ја запре топката И ми успеа Проблемот е што тогаш ја зголемив тежината, а сето тоа е поради испиените пива и чоколади, мораа да завршат некаде!“.

И за крај, вечната дебата останува нерешена . дали пивото е добро или лошо за спортистите? Пред неколку години кружеше видео од Диего Коста како пие пиво во соблекувалната на Челзи, за време на еден натпревар, Антонио Конте, италјански фудбалски тренер, тоа го објасни Добро е за рехидратација, може да пиете Кока Кола или пиво, едно до две веднаш по натпреварот. Токму тоа е клучниот збор: после натпреварот.

Превземено од: giornale della birra