Skip to content Skip to footer
Отворено: понеделник до петок од 12:00 до 20:00 часот
улица Максим Горки 25/4 1000 Скопје, Македонија
0 items - 0 ден 0

КРАФТИНГ МАКЕДОНИЈА О1 – ЛИСТА НА УЧЕСНИЦИ

Ете почитувани пивољубители, дојдовме на еден ден до првиот официјален пивски самит во Република Македонија кој го нарековме КРАФТИНГ МАКЕДОНИЈА. Во продолжение ви ја приложуваме официјалната листа на потврдени учесници и план на активности кои ќе се случуваат во ова трочасовно дружење кое што има и дополнителна бонус програма.

Со најголема и срдечна благодарност кон сите кои на некој начин придонесоа за да се реализира еден вака убав настан и дружење, со оглед дека правењето на пиво не е воопшто лесна работа, туку бара многу инвестирање и соодветна опрема, читање и пред се најважното од се љубовта кон овој древен пијалок. Во старите времиња пред да влезе пивото во официјална продажба пивото се правело токму на ваков начин, т.е вредните домаќинки кои освен редовните хранливи намирници за големото семејство правеле и пиво. За жал во овој прв пивски самит немаме жени пиво производители, но затоа имаме две прекрасни дами кои својата љубов кон овој пијалок ја изразуваат на еден друг начин преку уметноста. Модната дизајнерка Мелани Дигит со својата визија во пивскиот свет ќе се представи со рачно нацртани маици со пивски апликации,(како ДЈ ќе настапи со нејзина музичка програма од 15 до 17 часот), нешто што досега не сме имале прилика да го видиме кај нас, и секако уште една модна дизајнерка за облека и накит од студиото АВЕЛ Александра Велјановска ќе се представи со уметнички креации со пивски тапи кои верувајте ќе бидат многу интересни. Исто така ќе имате прилика да ја видите и првата рачно изработена дрвена кригла во Македонија изработена од Жарко Трајчевски

За вакво дружење се потрудивме да обезбедиме и малку храна од традиционалната кујна од скопската населба Чаир „Себил“ кои за оваа пригода ќе донесат од нивните традиционални мантии рецепт кој оригинално се прави со месо, а специјално за оваа прилика ќе има и од компир, приготвени како што знаат да кажат токму онака како што го правеле нашите мајки и баби : крцкави и вкусни и со многу љубов и мерак.

Во првиот пивски самит ќе имате прилика да се запознаете и да поразговарате и со увозникот на суровини и опрема за Македонија специјализираната продавница ПИВОДРОМ и секака пробате неколку пива кои ги направија спецаијално за оваа прилика со најквалитетниот белгиски слад од компанијата Castle Malting. 

најголема благодарност и за поддршката од Слоу Фуд Македонија и од конвивиумот Слоу Фуд Водно преку кои ја развиваме нашата идеја за создавање на пиво со состојки кои се наоѓаат од ова поднебје, значи 100% македонски производ и ќе имате прилика да го пробате тоа веќе  кај неколку учесници. 

И секако следува и листата на учесници.

ќе почнеме најнапред од оној кој доааѓа најдалеку т.е од нашето блиско соседство учителот или даскалот од Флорина, Грција, Ставрос Зографос кој слободното време го посветува на неговата прва љубов бербата на печурки, и втората љубов пивото. Ќе имате прилика да пробате од неговото пиво кое го произведува во неговата домашна приватна визба како домашна верзија на Irish Red Ale и уште едно Пченично пиво. 

Иван МАНАКОВСКИ ќе настапи со своја домашна верзија на СТАУТ пиво, а Предраг Јованчев со негова верзија на ИПА стил на пиво.

Борче Димовски од Велес кој своето искуство како „мајстор пивар“ го стекна во првата крафт пиварница во Македонија „Темов“, за да денес произведува домашно пиво. Неодамна на еден саем се претстави со неговата опрема за домашно пиварство за кое што доби и признание и награда како најиновативен продукт. 

Трајче МИТРЕСКИ – од Скопје, домашен мајстор пивар со најдолго искуство и стаж. Гитарист и вокалист на рокенрол составот Културно Уметнички Работници. почна со идејата која ја развиваме со мрежата Слоу Фуд со состојки од ова поднебје. Произведува неколку видови на пива а неговиот производ го нарече „КУРАЈБЕЕР’“ како што е и бендот. 

Марјан КИТАНОВСКИ – Исто така претставник од рокенрол, неверојатен виртуоз на гитарата и на хартијата т.е. перото, автор на музика и текстови на групите ТОТАЛНО ОПУШТЕЊЕ, Културно Уметнички Работници и неговиот најнов експериментално акустичен проект SWATOVSKI Кои ја имаат песната „три голтки пиво“ која ќе ја изведат во живо специјално за овој настан од 17 30 до 18. Секако неговата љубов кон пивото резултираше и со создавање на една интересна течност која тој ја наракува едноставно „ПИВО“

Драган ТУШЕВСКИ – Куманово, кој почна да се интересира за пивото благодарение на нашите долготрајни разговори на оваа тема. се зиантересира и малку по малку почна да создава неколку успешни примероци. 

Професор Др Дане БОШЕВ – нашиот ценет професор по пиварство од Факултетот за земјоделски науки и храна, за оваа прилика ќе донесе домашна верзија на „Сув Стаут“ кое го нарече „Mad Scientist#  и воторо пиво „beer lovers“

Иван ЈОВАНОВ и Александар АТАНАСОВ од Скопје ќе го донесат првото домашно направено лагер пиво. 

Петар ТАЛЕСКИ од скопската населба ДРАЧЕВО ќе донесе пиво во кое користи мед од сопстевно производство и локлани состојки хмељ и јачмен односно слад.

и секако за крај САКАМ ПИВО.МК порталот т.е Марјан КОСТАДИНОВСКИ, ќе се претстави со три видови на пиво: Домашната верзија на Македонска ИПА направена со домашен слад изворска вода хмељ и квасец и домашна верзија на сезонско пиво/белгиски блонд але и домашна верзија на американско але. 

Програмата на пивскиот самит ќе биде збогатена и со локална поддршка од трите единствени микропиварници во Македонија и тоа : Првата крафт пиварница на „ТЕМОВ“ кои за оваа прилика ќе настапат со нивното „ДВОЈНО ИПА“ точено пиво како и стаклените шишиња од СТАУТ, ЧАРШИСКО, ПЧЕНИЧНО ќе се продаваат по цена од 100 ден , Староградско пиво ќе бидат застапени со сите три нивни производи и тоа со точеното премиум пилснер пиво како и црвеното и црното пиво. Ќе се продаваат по цена од 50 ден. Од Кавадарци ги имаме исто така и „Наше Македонско пиво“ кои први го пријавија учеството и ќе донесат од нивното свежо точено пиво. ќе се продава по цена од 50 ден чаша. 

Ограничен број на маици и торбички од настанот ќе се продаваат по симболична цена од 200 ден колку да се покријат трошоците и работата. 

со влезницата од 200 ден на врата добивате чаша за дегустација на изложените пива од страна на учесниците како и ливче за интерено гласање кое ви оставило најдобар впечаток или највише ви се допаднало кое ќе го оставите во гласачката кутија. 

Забавата потоа продолжува во крафт клубот “КОЛЕКТИВ“ кој се наоѓа на самиот плоштат во центарот на Скопје каде што со приложување на билетот имате попуст од 50 %  на сите пива кои се наоѓаат на менито во пивницата. Музичкиот сет ке почне од 20 часот со избор на музика на Марјан Костадиновски и ќе продолжи со редовната програма на самиот клуб

Медиумски настанот ќе биде подржан од ТВ Сител, Македонска Информативна Агенција и ИН Хорека магазинот за угостителство. 

во иднина планираме неколку сличн активности како „водич или прирачник за правење на пиво во домашни услови„, работилници дискусии и дегустации од помал тип кои ќе се одвиваат преку новиот веб сајт SLOWBEER.MK од мрежата на SLOWFOOD итн итн

Ви посакувам добро расположение и убав помин.