Skip to content Skip to footer

КОЛКУ ДОЛГО НИЗ ИСТОРИЈАТА ЧОВЕКОТ ПИЕ АЛКОХОЛ?

Со векови алкохолот е главниот двигател на човековата култура, поттикнувајќи го развојот на уметноста, јазикот и религијата. Но колку долго луѓето пијат? Кој дојде до идејата за алкохол? Ова се основните прашања кои често се поставуваат. Се појавија неколку теории кои ја објаснуваат генезата на пиење на алкохол. Додека некои од нив имаат научна поддршка, повеќето теории се поврзани со културниот начин на живот на раниот човек.

АРХЕОЛОШКИ ПРОНАЈДОЦИ

Човечките предци можеби го откриле алкохолот пред повеќе од десет милиони години, пред да се појави модерното пиво. Хемиската анализа на садовите откриени од неолитското село Џиаху (Jiahu ) во северна Кина, открива траги од алкохол што можеби биле апсорбирани и складирани во садовите. Хемиската анализа покажа дека ферментираната супстанција била направена од грозје, мед и бобинки, и можеби била произведена помеѓу 7000 и 6500 г пне. Сумерискире и Египетските документи кои датираат од околу 2100 г пне ја споменуваат медицинската употреба на алкохолот. Хебрејската Библија, исто така, препорачува да се дава алкохол на изнемоштените лица, Во класичната Грција, виното било важен дел во појадокот, додека Римјаните го вклучувале алкохолот во сите оброци почнувајќи од првиот век. Податоците до Средниот Век укажуваат дека алкохолот со послаба јачина бил секојдневен пијалок во Европа.

ДЕСТИЛАЦИЈА НА АЛКОХОЛОТ

Првите податоци за дестилација на алкохолот се добиени од Грчкиот алхемичар во првиот век од не. Персиските и Арапските научници ја користеле дестилацијата во нивните алхемиски експерименти. Дестилација на алкохолот во Кина започнала во 1виот век за време на династијата на Хан. Сепак првиот сигурен и датиран доказ за дестилација на алкохол датира од 12тиот век од Школата на Салерно. Во средновековна Европа, потрошувачката на алкохолни пијалоци беше поврзана со лошите санитарни јавни санитарни услови, и се сметаше з аначин на избегнување на болестите кои што се пренесуваат преку вода. Концептот за дестилација на алкохол се сметаше за најевтин и најбезбеден начин на убивање на микроорганизмите кои пренесуваат болести.

НАУЧНИ ОТКРИТИЈА И УМЕРЕНО КОНЗУМИРАЊЕ

За да дознаат повеќе за способноста на човечките предци да го дигестираат алкохолот, научниците ги проучувале гените пронајдени на ензимот за варење познат како АДХ4. Резултатите од научното истражување сугерираат дека раните човечки суштества имале способност да ги разградат алкохолните супстанции. Првиот модел на еволуција на пиење алкохол покажува дека алкохолни супстанции влегле во човечкото тело откако луѓето почнале да складираат храна што доведе до развој на ферментација на храна пред околу 10.000 години. Раната модерна црква (од 15 до 19 век) го сметала алкохолот за Божји дар што треба да се користи умерено и за уживање, но не и за пијанство. Производството и дистрибуцијата на алкохолот се ширеше бавно и стана популарно дури во 18 век. Пенливото шампањско дебитираше во 17 век. Преголемата количина на пченка, особено во Америка, доведе до обилна традиција за пиење, која се карактеризираше со многу видови алкохол и обилно пиење.

извор Word Atlas