Skip to content Skip to footer
Отворено: понеделник до петок од 12:00 до 20:00 часот
улица Максим Горки 25/4 1000 Скопје, Македонија
0 items - 0 ден 0

КАКО СЕ ПИЕ И НАЗДРАВУВА СО ПИВО ВО ДРУГИ ЗЕМЈИ?

Постојат многу начини на кои можеме да се посрамотиме кога патуваме во странство, но наздравувањето не би требало да биде еден од нив.

 

Зависно во која земја сте отпатувале постојат правилни и целосно погрешни начини на наздравување, а тоа посебно се однесува на пивото. Прочитајте какви се обичаите во следните 8 земји доколку се одлучите да отпатувате во некоја од нив 🙂

ГЕРМАНИЈА

Наздравете со чашите со сите, и обавезно направете контакт со очите и наздравете со „Prost“ (наздравје).

УНГАРИЈА

Никогаш не тропајте по чашите, бидејќи тоа може да биде навредливо. Се наздравува со зборот Egészségére!

ЕРМЕНИЈА

Шишето пиво се дели меѓу присутните, а лицето кое ќе ја добие последната голтка купува следно шише. Ако вие сте лицето кое точи може на пријателите да им направите услуга па првин да си наточите на себе Gen-ots-it!

БРАЗИЛ

Порачајте едно големо шише и полнете по малку во помали чаши, Пивото би требало да остане доволно ладно, а делењето забавно. Saúde!

КИНА

наздравете со чашата со сите, но внимавајте да ја држите својата чаша пониско од домакинот, тоа се смета како знак на почитување. Gan-bei!

ЈАПОНИЈА

Точете им пиво на вашите пријатели но никогаш на себе (но не очајувајте никогаш нема да останете со празна чаша) . Kanpie!

ИРСКА

Платете им една тура пиво на вашите пријатели, а услугата сигурно ќе ви биде возвратена. Slàinte!

САД

Одржете здравица на посебниот гостин, а потоа наздравете со сите. Cheers!