Skip to content Skip to footer

КАДЕ НА ПИВО: WOODSTOCK CRAFT BEER AND ROCK BAR – СКОПЈЕ

Woodstock Craft Beer & Rock Bar е одлично место каде што може да се запознаете со богатата и разновидна чешка пивска сцена.Woodstock Craft Beer & Rock Bar е посветен на развивање на пивската и rock & roll култура во Македонија.

 

Ги немаше чешките пива долго време на македонскиот пивски пазар, за да одеднаш за само една година се појават речиси сите значајни играчи од Чешката пивска сцена. Да почнеме по ред, и од прво присутното Старопрамен, потоа додека работеше Пивотеката зад млечниот ресторан во Тафталиџе ги имаше Златопрамен, Гамбринус, Крушовице Пилснер Уркел. потоа со извесна пауза Пилснер Уркел се појави неколку пати на македонскиот пазар преку разни увозници, потоа се појави првото чешко крафт пиво во Македонија Конрад преку увозникот Скопје беер импорт од Глобал Евент, и одеднаш се појавија по некои маркети Златна Праха, Старо Пилсен, Козел, и конечно најдоброто од сите нив Приматор (повеќе информации за овој бренд наскоро).

Од неодамна во тафталиџе 2 каде што беше пред 10тина години лоцирана познатата Пивотека од каде што почна да се шири и развива пивската култура во Македонија се појави еден локал кој што е целосно посветен на пивската култура и специјализиран за чешки пива. Нешто што го посакував во нашиот град и инсистирав на скопските газди да се ориентираат на овој принцип. Пазарот е отворен и има простор за сите кои што сакаат да учествуваат во градењето на оваа пивска приказна.

 

Woodstock Craft Beer & Rock Bar соработува со 7 регионални пивници лоцирани низ целата
Бохемија и Моравија. Почетокот на нивните активности датира назад во средниот век со најстарите запишани податоци за производство на пиво забележани во 1298 година. Фокусот на овие пивници е производство на пиво исклучиво по стар традиционален начин, отфрлувајќи ги сите параметри на комерцијално производство на пиво во големи количини.Нивната понуда се состои од повеќе од 70 врсти на класични лагер пива, како и пивски специјалитети на темно, полутемно, IPA, ALE, пива со повисок процент на алкохол и безалкохолни пива. Концептот на традиционален начин на производство на пиво се состои во љубовта и времето посветено на целиот процес на созревање на пивото.

 

Ако класичните комерцијални пивници го произведуваат пивото во рок од 5 до 10 дена, процесот на традиционален начин на производство трае од 70 до 90 дена. Во рамките на овој временски период на пивото му се дозволува самото да си ја створи својата газираност и вкус, отфрлајќи ја потребата за вбризгување на вештачко CO2 и додатни адитиви. Земајќи го овој факт во предвид, пивата произведени на традиционален начин, покрај драстичната разлика
во вкусот и леснотијата при пиењето, не предизвикуваат гасови и потешкотии во стомакот, а најважно од се мамурлакот следното утро скоро и да го нема.

 

Woodstock Craft Beer & Rock Bar е посветен на развивање на пивската и rock & roll култура во Македонија. Постојат за сите оние кои ја сакаат работата завршена на правилен начин; за сите кои знаат дека најважните работи се често едноставни, но тешко достигливи; за сите оние кои го ценат вложениот труд и време и не прифаќаат компромис во квалитетот.

Се наоѓа на улица Рузвелтова број 5а односно на самите семафори на крстопатот со булеварот Тодосије Гологанов. Дизајнирано е на три нивоа, веднаш на самиот влез е шанкот на кого се наредени пивата кои ги имаат на точење, горен дел со маси за седење со  отворен поглед на булеварот, и подрумски дел кој што е наменет за музичката програма.

Бидејќи располагаат со голема разновидност на пива (од премиум lobkovicz premium, lobkovicz ale, flying cloud IPA,Rychtar premium, чешки класици – vevoda, cerna hora pater, rychtar drunt, rychtar fojt, cerna hora forman, пченични и нефилтрирани – cerna hora sklepni, cerna hora velen, lobkovicz wheat, темни пива – lobkovicz dark, cerna hora granat, baron и пивски специјалитети – demon, cerna hora kvasar, cerna hora boruvka)  секое е достапно во буриња за точење,а  понудата на точени пива ќе се менува честово сооднос со побарувачката. За моменталната понуда на точени пива на располагање ви е персоналот а во моментот кога ние ги посетивме ги имаа пивата од програмата на пиварата и групацијата на Лобковиц. Цените дискутабилно прифатливи за македонски услови сепак се движат во рамките од 90 денари до 120 денари

Во секој случај уште едно одлично место каде што може да си поминете пријатно после работниот ден на една добра кригла точено чешко пиво.

 

за групацијата LOBKOVICZ-

една од поголемите пивски групации во Чешка Република која во своето портфолио има 7 помали пиварници :

Pivovar Protivín (која што оперира од 1711 година, од една угледна чешка фамилија Најуникатното пиво кое го произведуваат е пивото Platan, име кое што прв пат се употребило во 1973 година за пале лагер пивото со 11 % екстракт. Пиварата произведува 11 видови на пиво со сопствена висококвалитетна вода од сопствен бунарски извор, медицински испитана без никакви модификации.

Pivovar Černá Hora – првите пишани документи за оваа пиварница се наоѓаат во малото градче Бланенско, и датира од 1298 година., а за официјален почеток се споменуав 1530 година кога е во сопственост на двајца браќа од Бошковице. Произведуваат 14 видови на пиво, по традиционални методи со локални состојки.

Pivovar Jihlava – Најстариот пишан документ каде што се споменува производство на пиво датира од 14тито век. Во 1748 година регистрирани се 123 домашни производители на пиво. Сите овие 123 ца сопственици на своите домашни пивари ги сплотија силите во една заедничка пивара во 1895 година Новата пиварница беше отворена на 4ти април 1861 година а под раководство на новиот сопственик во 2008 година се врати на оригиналните рецепти и произведува неколку видови на пиво.

Pivovar Klášter – според името на еден Цистеријански манастир, кој што е основан во втората половина на 12тиот век. а во рамките на него постоела и пиварница. Со текот на времето станал еден од најважните религиозни објекти во Европа, Во пиварницата се произведуваат 4 видови на непастеризирано пиво врз основа на неизбежните природни услови – висококвалитетна вода од сопствен бунар, а ферментацијата се одвива во карпите каде што ја обезбедуваат оптималната температура.

Pivovar Rychtář – Пивара во Хлинско која што е основана во 1913 година. национализирана во 1948 година, пивото RYCHTÁŘ е првото пиво кое што го произведвуаат од 1981 година пиво од лагер тип со 12 % екстракт. Денес произведуваат 5 видови на пиво, со хмељ од сопствено производство.

Pivovar Uherský Brod – Uherský Brod  е кралски град кој има традиција на производство на пиво уште од средниот век. Првата пиварница е изградена во 1614 година, од народот . Пиварата во која што денес се произведдува пивото е изградена во во 1895 година од Францис Јанаачек. Денес овде се произведвуаат 9 различни видови на пиво. сите според традиционален рецепт и методи, и се карактеризираат со строга горчина, и полно тело. Пивата на точење се непастеризирани. и поттикнуваат многу здравствени бенефити за човечкиот организам.

Pivovar Vysoký Chlumec – во замокот кој се наоѓа во оваа општина, зад кулите се наоѓа пиварницата која е во сопственост на кралското семејство Лобковиц. изградена е во втората половина на 15тиот век. Моментално произведуваат 6 видови на пиво. од кој голем дел се извезува во Германија.