Skip to content Skip to footer

КАДЕ НА ПИВО: АНГЛИСКИ ПАБ „КОРНЕР“ – КРАТОВО

Англискиот паб “Corner” се наоѓа во непосредна близина на Хотел Кратис и истовремено е во најстрогиот центар на Кратово или на самиот агол на главната улица која води до самиот плоштад односно во Ајдучката чаршија.
Овој по многу нешта уникатен објект ги спојува традицијата на старите Англиски пабови, со античкото минато на градот и архитектурата од камен, каректеристична за објектот во кој е сместен овој паб. Една голема просторија и соба во која се сместени масите, и веднаш на чело е големиот шанк, а ѕидот украсен со слики со тематски пивски мотиви. Воглавно доминира лагер пивото.

 

Традиционалната Македонска кујна, испреплетена и модифицирана со европски примеси гарантира несекојдневно уживање во овие специфични и избалансирани вкусови на храна која се конзумира во објектот. Надалеку познатата Кратовска пастрамајлија се спрема и сервира на неколку начини, што персоналот со гордост ке ви го презентира при вашата посета, и е посебна атракција на пабот. Но за тоа задоволство ви треба малку време, бидејќи ќе треба да почекате најмалку 1 час, доколку го посетите градот за време на викенд кога е преполно.

Изобилува и со импресивно мени во кое има точени и флаширани пива, асортиман на вина и ракии, и разновидни безалхохолни пијалоци само ја збогатуваат понудата на овој угостителски објект, кој што со својот прекрасен ентериер, и врвна услуга ке ви овозможи извонредни моменти при посетата на Кратово. Но, со оглед на тоа дека нас не не интересираат другите пијалоци, фрливме поглед во писката карта, во која воглавно доминираат лагер пивата, и некои од оние увозни пивски брендови. А цените се импресивни, почнувајќи од увозното Budweiser Budvar (кое што јас го наркував како локално пиво, бидејќи увозникот е и од самиот град) кое што може да го добиете по цена од 50 до 70 денари. 4 точилници, но за кои во моментов на нашата посета беа празни, но се надевам во текот на летото се менуваат почесто, и на нив може да најдете и светло и темно Бадвајзер, но и Скопско секако. Од другите пива ги има Ердингер светло и темно по цена од 14о и 160 ден,и секако се трудат да ви го послужат во соодветна чаша, а доколку нема некоја слична небрендирана што е за поздравување.

 

Но, збор два и за тоа што претставува англиски паб. Дефиниција за типичен англиски паб не постои. Но генерално постојат некои норми за тоа што би требало да претставува англиски паб. Пабот е отворено место за сите слоеви на луѓе, од бизнисмени со костуми, до разни навивачки групи. и се семта за нормална секојдневна активност посетата на некој паб или како што го нарекуваат втор дом. Келнери нема, а пијалокот се нарачува директно од шанк и секогаш има избор повеќе од 20 пива од кои најголемиот број се на точење. Во еден разговор со мојот пријател од Англија или кратовскиот зет Антонио, или Тони на прашањето која е разликата помеѓу Ирските и Англиските пабови, во нивниот својствен хумор ми кажа дека Ирските пабови се карактеризираат со поопуштена и пријателска атмосфера и карактеристичната ирска вечера, а англиските пабови освен познатиот англиски доручок, нуди и малку „поладна“ атмосфера, (сепак не ги сфаќајте сериозно) со кој подоцна продолживме во гостилницата „Кратовски Мерак“ на прослава на куќната слава Свети Ѓорѓи Кратовски, а воедно и празник на градот Кратово, каде што секогаш имаат забележителен настап во скратена варијанта далеку познатите Кратовски тамбураши на чело со Милош Димитровски кои имаат една импресивна збирка од 50тина необјавени народни песни од овие краишта кои се вистински бисер и културно наследство.

Веднаш спроти пабот Корнер приметив и еден празен објект на кој пишува дека наводно бил пекара, но имаше и натпис brasserie што  од францускио јазик значи дека станува збор за пивоварна. Кратово не е пивски град, но со малку визија, храброст и посветеност и љубов би можел да биде и сериозна туристичка дестинација секој викенд, бидејќи има што да понуди, Значењето на пабовите во руралните подрачја може да биде навистина големо од аспект на вработени луѓе во пивската индустрија, локален туризам,  А замислете овој прилично голем објект навистина да би бил вистинска пивара? Ех, моја Македонијо, северна јужна каква и да си тажна си, но не те напуштаме.

За моите кратовски пријатели,

Марјан Костадиновски, Сакам пиво.мк