Skip to content Skip to footer
Отворено: понеделник до петок од 12:00 до 20:00 часот
улица Максим Горки 25/4 1000 Скопје, Македонија
0 items - 0 ден 0

ИЗМИСЛЕНА ПРИКАЗНА: ТРАДИЦИОНАЛНА СЕМЕЈНА ПИВАРА „ПЕЛАГОН“ ОД 1820 Г РЕЧИСИ 200 ГОДИНИ ГИ КРИЕ ТАЈНИТЕ НА НИВНОТО ВРВНО ПИВО „ЛА ДИВИНО“

Пиварата „Пелагон“ е мала необична семејна пивара сместена во малото село Ерековци во јужна Македонија во Мариовскиот крај помеѓу Прилеп и Битола, а пиварата не потсетува на времето кога повеќето Македонски пиварници од хелинистичко време можеа да егзистираат само од земјоделска активност и продажба на пиво само во рамките на нивната заедница.

Со векови наназад во југоисточниот дел од Македонија, во областа Пелагонија се одгледуваше пченица, јачмен, овес, рж и хмељ, кои локалните селани го употребуваа за производство на пиво и исхрана на добитикот. Одгледувањето на житарки и хмељ со текот на времето исчезна, а производството на пиво стана независно и продолжи 160 години.

ЦИСТЕРНА ЗА ПИВО СО КОЈА СЕ ПРЕНЕСУВАЛО ПИВОТО ДО ПОГОЛЕМИТЕ ГРАДОВИ

Пиварата „Пелагон“ е совршен пример за еволуција низ времето и вековите и нејзиното опстојувње. Пиварата своето име го добила според самата област Пелагонија, но и исчезнатиот град на Македонските кралеви Пелагон. На просторот каде што денес се наоѓа современата и модерна пивара сеуште стојат остатоците од разурнатите ѕидови, грамади  од камен и еден затрупан бунар кој бил главниот извор на снабдување на вода за потребите на пиварата. Во непосредна близина се забележуваат и остатоци од ѕидини од неколку темели од објекти за кои се претпоставува дека била првобитната локација на пиварата. Селото е многу мало и се гледа од автопатот помеѓу Прилеп и Битола од неговата лева страна, каде што се пронајдени остатоци од керамички кригли кои ги користеле македонските кралеви за време на церемониите и разните карневали. Во минатото во ова село постоеле 3 пиварници и 29 пабови каде што се служело исклучително локалното пиво. Еднаш годишно земјоделците од целиот регион  се собирале во ова село на еден натпревар со своите трактори (нешшто слично како трка со автомобили) се влечат еден со друг во обид да го поместат најтешкиот товар и на тој начин истовремено и се тркаат. Чудно за жителите од поголемите градови, но многу возбудливо за младите фармери.

За време на сите овие настани во селото се точело пиво во изобилство. Првиот пишан документ за пиварницата „Пелагон“ е пронајден во Храмот Свети Мина во 1852 г од каде се гледа дека извесен Димитрија Минов ја купува фармата. На оваа фарма се наоѓаше и мелница за јачмен и сите видови на локални житарки. Пивото кое што се произведуваше тогаш во пиварата Пелагон беше наменето за сезонските работници кои работеа на полето, и се произведуваше само во зимскиот период за да се конзумира во пролетните и летни денови кога била есенската сеидба. Тоа пиво било од сезонски тип и правено со локалните житарки кои што се одгледувале во Пелагонија. Синовите на Димитрија, Костадин и Митре се школуваат во Скопје од кои едниот успешно ги завршува студиите за технологија на пиво и слад при Скопскиот универзитет Кирил и Методиј, а Митре економија и туризам во Охрид, и е одговорен за пласманот и маркетингот на пивото. Три генерации на Минови стигнуваат до Првата Светска Војна. Кога започна војната, главниот мајстор на пивото Никола брат на Димитрија, ги исцртал бакарните казани (кои биле произведени во Битола) со цел да ги прикрие од љубопитните германски војници заедно со бугарската администрација која во тоа време била активна на оваа територија, а кои би можеле да го искористат материјалот за своите механизации.

ОБЈЕКТОТ ПРЕД ПРВАТА СВЕТСКА ВОЈНА

Но, по извесно време Никола заедно со неговиот брат Димитрија преговарале со Германците кои одлучиле оваа пиварница да остане единствената во регионот за време на војната, под услов да произведуваат пиво какво што сакале да го пијат Германците во нивната земја. Не знаејќи како да стигнат до тоа Фридрих Штајнер кој бил командант на целата област донел неколку сорти на квасец и хмељ кои биле специфични за производство на нивното познато пченично пиво. Со помош на еден германски војник Никола успеал да го создаде првото македонско пченично пиво кое што по истиот рецепт и суровини се произведува  и до ден денес. Тој војник Германец после завршувањето на Првата Светска Војна се оженил за една убава Македонка по име Зора и решава да остане тука и долго време помагаше и работеше во пиварницата. Помеѓу двете Светски војни пиварата „Пелагон“ стана главен фактор во регионот со неколку врвни пива кои се продаваа во околината на Битола и Прилеп, а подоцна се проширија и до Скопје и извоз во Бугарија, Германија, Франција, Холандија, Грција, Србија.

БУРИЊА ВО КОИ ОДЛЕЖУВАЛО ПИВОТО

Во текот на Втората Светска војна земјоделските активности се запрени и сите напори се концентрирани на опстојување пиварницата. Поради недостиг на суровини беа принудени да ги користат стандардните суровини кои се увезуваат, од кои произлезе нова серија, нови видови на пива и нова енергија. На капачето на пивата стои слика на работник во поле која што ги симболизира активностите во минатото.

Во 1975 семејството ја купува пиварата во с.Манастир кое се наоѓа во непосредна близина. Пиварницата беше позната по нивните две пива кои што ги произведуваа Монаси кои живееја во непосредна близина во опатијата во селото Манастир. За свои потреби тие произведуваа и сирење. „Пелагон“ ги задржа оригиналните рецепти на овие 2 пива кои се прозведуваат на истиот начин и до ден денес. Оваа пиварница беше со Бугарско потекло и инвестиција бидејќи ја изградиле Бугарите за потребите на својата администрација и војската кои беа присутни во тој период во Македониа. Во селото доминира замокот и паркот на Бугарските благородници. Овие Бугари владееле со целиот регион и биле сопственици на повеќето фарми. Тие изградиле манастир и црква во градовите и оставија многу предмети во културен и историски контекст. Во нивна чест и под нивно влијание е направено пивото „Дивино“.

ТОЧЕЊЕ НА ПИВО ЗА ВРЕМЕ НА СЕЛСКИТЕ КАРНЕВАЛИ

Денес 6-тата генерација на Минови Митре и Стојан успешно го продолжуваат бизнисот и работат на усовршување на нови рецепти на пиво, задржувајќи ги старите учествуваат на разни интернационални натпревари при што добиваат награди. Пивото „Дивино“ од мало локално пиво денес е светски бренд познато и признато пиво од Македонија. Има 6 видови обично Пилснер пиво, пченично пиво во чест на германските војници, сезонско пиво или фармерско пиво со локалните житерки како дел од традицијата на овој регион со производство на сопствен слад и плантажа на хмељ, темно пиво со 8% алкохол и истото одлежано во дабовите буриња во кои претходно зреела ракија од сортата грозје кралица. Во 21 век влегуваат со нова надеж и нова инвестиција и пласман. Воведуваат нова технологија на флаширање на шишињата и зголемување на обемот на производство, при тоа грижејќи се за биодиверзитетот на земјата користат колектори за сончева енергија со кои се намалува потрошувачката на јаглеродни емисии за 25%. Искористениот слад се дава на фармите за свињи, кози и кокошки, но произведуваат и еден вид на намаз од истиот.

Текст: Марјан Костадиновски
фотографиите се позајмени од разни портали од интернет