Skip to content Skip to footer
Отворено: понеделник до петок од 12:00 до 20:00 часот
улица Максим Горки 25/4 1000 Скопје, Македонија
0 items - 0 ден 0

ИТАЛИЈА: BEER & FOOD ATRACTION / BIRRA DEL ANNO

Во организација на Unionbirrai и Italian Exhibition Group, на саемот Beer & Food Attraction, ќе се додели наградата „Пиво на годината“, како и промоција на новиот портал за занаетчиските пивари од Италија, Indipendente Artigianale!

Римини: Церемонијата на доделување на наградите е закажана за сабота 15 ти февруари 2020 година во 14 часот, на првиот ден од овој престижен саем посветен на пивото и храната, кога ќе биде прогласено и Италјанското крафт пиво на годината.

На саемот ќе се презентира и новиот портал посветен за италјанските независни занаетчиски пивари Indipendente Artigianale, а на програмата тоа ќе биде во ендела од 14 часот.

Виторио Ферарис, претседателот на Унионбираи објасни: „Тоа што ние го работиме е промоција на малите независни занаетчиски пивари, и таа наша активност резултираше со создавање на новиот портал веб страницата www.indipendenteartigianale.it“.За нешто повеќе од 20 години,во Италија се регистрирани повеќе од 700 независни занаетчиски пивари кои нудат 700 различни видови на пиво. Сепак овој раст не остана незабележан од големите индустриски пивари, и затоа чувствуваме потреба да се заштитиме со ставање на логото на сите пивари членови на Унионбирраи како заштитен знак и пред се стекнување на доверба кон потрошувачите.

За конкурост Birra Del Anno се регистрираа 302 занаетчиски пивари со вкупно 2145 пива, што е за 8% повеќе од минатата година.

Нивното оценување и проценка е доверено на 108 национални и интернационални судии. Меѓу Италјанските дегустатори и пивски судиии повеќето се сертифицирани од курсевите кои што се во организација на Унионбираи, додека интернационалните судии се речиси од целиот свет. Македонија веќе втора година по ред има свој преставник во оваа силна конкуренција на пивски судии, експерти, блогери, новинари, дегустатори и сомелиери и е огромна чест и искуство е присуството на порталот Сакампиво.мк на еден ваков настан.

Новитет оваа година е тоа дека за прв пат се додава и нова категорија за Sour Italian Grape Ale, пива со кисели ноти со додавање на грозје, бленд со вино или вински квасец.

Beer & Food Attraction ќе даде можност на посетителите да присуствуваат и на разни други обуки организирани од страна на УнионБирраи. Во понеделник на 17ти Февруари во 14 часот ќе има дискусија и форум за состојбата на италјанските занаетчиски крафт пивари, регулативите и можностите кои што ги нуди пазарот, како и директни средби и разговори со разните компании кои се увозници на суровини, опрема за производство, пакување и софтвер за пивската индустрија.

Потврдени италјански пивари се: ‘A Magara, PBC, Almond ’22, Baladin, Bifor, Biren, Bellazzi, Birra dell’Eremo, Flea, Toccalmatto, Birra Viola, Alveria, Amerino, Fortebraccio, Busa dei Briganti, Cittavecchia, Claterna, Birrificio dei Castelli, Birrificio del Forte, Legnano, Forum Iulii, La Birrofila, Lariano, Porta Bruciata, BSA, Blond Brothers, Bonavena, Croce di Malto, Dolmen, Eastside, Rebeers, Evoqe, I Due Mastri, IBeer, Il Mastio, La Stecciaia, Labi, Grand St. Bernard, Mister B, Birrificio Italiano, Okorei, Oldo, Picobrew, Rialroad, Retorto, San Gabriel, San Geminiano, Vetra, Wackybrew. Изборот Пиво на годината ќе го води Лоренцо Дабове Куаска кој што е претседател на жири комисијата, признат интернационален и ценет судија или пивски гуру во Италија

Како и доста добар дел од сите увозници на пиво во Италија Radeberger, Brewrise, Ales & Co.Bitburger .

Публиката ќе има можност да ја продлабочи културата на пивото со присуство на разните дегустации и кратки курсеви, тркалезни маси и семинари за тоа како се служи пивото, но и многу повеќе.

Секторот за храна е посебно интересен

Свое присутство ќе има и Löwengrube познатиот италјански синџир на ресторани пивници, кој што ќе го промовира оригиналниот минхенски стил на баварски ресторан бистрибула со над 25 продавници со франшиза.Во прехрамбениот сектор потврдено е присуството на водечки компании како Marr, Pregis, Greci, Demetra e Menù. Во секторот за храна посебен дел ќе има и за новитетите во искуствата со пица мајсторите, со серија на шоу програми со готвење натпревари и академии со најдобрите мајстори за пица во Италија.

Саем Римини. 15-18 февруари 2020 година www.beerandfoodattr.it