Skip to content Skip to footer
Отворено: понеделник до петок од 12:00 до 20:00 часот
улица Максим Горки 25/4 1000 Скопје, Македонија
0 items - 0 ден 0

ИНТЕРВЈУ: ВЛАДАН ДРОБИЦКИ „СЕТСТАТ“ ;МУЗИКАТА Е ЗЕЗНАТА РАБОТА, А ЗА МОЛЕР ТРЕБА ДА БИДЕШ ТАЛЕНТ

Од овој момент започнуваме со необврзани интервјуа со разни профили на луѓе и личности кои направиле или не направиле ништо во својата кариера, а сепак го сакаат и почитуваат пијалокот за кој постојано копнееме и пишуваме. Прв ја има честа да ја отвори оваа страница во нашата понова историја г динот Владан Дробицки, од музичкиот колектив „Сетстат“ кои минатата година го издадоа проектот „Се плашам од македонци“ во соработка со Мирко Попов и Никоал Коџобашија.

„Се плашам од Македонци“ – кога ќе кажеш македонци на што прво помислуваш?

Помислувам на планини, езера, сино небо, на храна, на дружба после на Скопје……

Според нашите истражувања повеќе од две третини од младите во нашата мила и преубава земја не патуваат никаде по Македонија освен во родното место на родителите. Дали би можел да ни наброиш неколку места во Македонија кој би им ги препорачал секако да ги посетат?

Преспа (Долно Дупени, Љубојно) Дебар, (Јанче), Вевчани (извор), Прилеп (Слончето)…можам цел ден да набројувам….:)))

Настапувате ли често надвот од Македонија и кога настапувате кои производи најчесто ви недостасуваат?

Не настапуваме толку често колку што би сакале…J)) а некако стално ни недостасува лоза ракија…ја има и на други места (грапа) ама вкусот на нашата е ненадминлив.…

Пред неколку месеци излезе вашиот нов албум кој воедно на музичкото радио Канал 103 беше прогласен и за македонски албум на годината. Колку сте задоволни од сработеното, од соработката со Мирко, каде може да го најдат албумот.

Не размислувам за квалитетот на сработеното, затоа што во дадено време – тогаш. сме го направиле отсвиреле најдобро што можевме…од сегашна гледна точка…секогаш може подобро, но и полошо. Мирко е човек со неверојатна енергија и брзина и со него лесно се соработува. Албумот претпоставувам се продава во поголемите музички продавници кај нас ама за ова најдобро кај издавачот ПМГ рекордингс.

Наскоро настапувате во клубот Wire во Скопје, едно од ретките места во градот кое има посебен пристап кон бендовите кои настапуваат и секако кон своето мени. Освен по својот софстициран музички вкус има и сериозен избор на пивски брендови. Дали пиеш пиво пред се, и што мислиш дали тајната на младоликиот изглед лежи во редовното празнење на сексуалните активности и редовно, но и вонредно пиење на пиво?

Да, конзумирам пиво…а да апосолутно пијте пиво. имајте редовен секс и ќе бидете вечно млад…J))

Зошто си одлучил во животот да бидеш музичар, а не да кажеме молер, пошто знаеме дека сепак тука повеќе се заработува 🙂

Музиката е зезната работа…а за молер треба талент :)) како двегодишно дете сакав да бидам ѓубреџија, ама со тек на време сватив дека сепак тоа занимање не е адекватно за мене…така да остана музиката…:)))неостварена желба ми е угостителството, така да младу сум по лик има време…:))

кои ти се омилени локали каде што пиеш пиво, а кои можеш да ги препорачаш на нашите читатели.

Во последно време ретко излегувам баш на пиење пиво …обично пиво пијам на местата каде што настапуваме…омилен пивски бренд ми е Будвар-чешкиот бадвајзер.…

Ти благодарам на одвоеното време, се гледаме на свирка со пиво 😉

Sethstat, Nikola Kodjabashija, Mirko Popov – Krugovi PMG Recordings 100

Sethstat, Mirko Popov, Nikola Kodjabashija – Se Plasham od Makedonci

PMG Recordings #100