Skip to content Skip to footer
Отворено: понеделник до петок од 12:00 до 20:00 часот
улица Максим Горки 25/4 1000 Скопје, Македонија
0 items - 0 ден 0

ИНТЕРВЈУ: ДОМАГОЈ ЈАКOПОВИЌ РИБАФИШ, ПРВИОТ ХРВАТСКИ ПИВСКИ СОМЕЛИЕР

Дајте им шанса на малите пиварници да произведат нешто убаво.

 

Прашање за македонската пивска јавност, кој е Домагој, а кој Рибафиш?

– – Професор по географија од Загреб, светски патник, човек кој сака да добро да се најаде, напие и пишува за сето тоа, и среќен татко на најдобриот десетгодишњак на светот. Рибафиш е прекар кој сам си го дадов кога почнаа да ме нарекуваат „дебели“…

Твојата специјалност е пивскиот туризам, колку земји до сега си посетил, и кои од сите нив ти оставил најдобар впечаток во поглед на храна, пијалок. Имаш ли некој одреден план за посета како да кажеме на некој пивски фестивал (кои ги има премногу) или конкретно посета на некоја пивница?

-До сега сум посетил 61 земја, но тоа е само почеток! Секоја земја е прекрасна на свој начин, и целта на патувањето е секогаш поинаква. Но секаде морам да посетам барем еден музеј, црква, да пробаш некој домашен специјалитет, или да се напиеш некое локално пиво и запознаеш некој човек. Тогаш таа земја е освоена. Што се однесува до причините, некогаш ја  следев репрезентацијата а сега одам на пивски и гастро фестивали..

 

Кога последен пат си бил во Македонија и што преферерираш пиво или вино? кај нас сеуште на сцена доминира лагер пивото, а крафт револуцијата е сеуште срамежлива, и сигурен сум дека сеуште не си ги пробал наштие домашни специјалитети 🙂 

-Пастрмајлија, џигер во Олимпико, кебапи во Пчела, Совршена земја брате, совршена, а бурекот во Драчево или Битола јаооо… Пивата се класични лагери, освен скопското непастеризирано пиво кое е врв,а со крафт сцената полека, Нема брзање, се ќе си дојде во свое време. Ние пред неколку години го прославиувме првиот крафт фестивал. Сега и кај вас ќе дојде редот.

Како новинар и блогер те познавам уште додека пишуваше за КЛИК магазинот. хрватскито Плејбој и други, што мислиш за прашањето професија вс хоби како бизнис или задоволство?Што доминира кај тебе? 

— Јас сум професор по географија, но за таа работа во Хрватска треба многу врски. Јас тие врски ги немав, па бев учител и copywriter и колумнист и уредник и  community manager, а сега сум уредбник на порталот  Gastro.hr и водител на емисијата  „Klasa Hedonist“ на Радиото 101 Животот е краток и непредвидлив треба максимално да се исполнува и ужива во секој негов момент..

Во меѓувреме стана и првиот хрватски пивски сомелиер, како и зошто и што влијаеше да се одлучиш на тоа , која е задачата на пивскиот сомелиер? зошто си се определил за пивото  а не на виното на пример? Која е твојата лична филозофија за beer pairing?

–Завршив прв степен и за вински сомелиер во меѓувреме, Исто во Лондон, немој така 🙂 …Виното е прекрасно, пивото е фантастично, сакам да учам и да бидам во тек. Немам бесна кола и многу пари да со тоа ги купувам жените. Ми останува само приказната и шармот, па се изградувам во таа насока. Пивски сомелиер сака да проба пиво и би требало да знае да го препознаенеколкуте степени на квалитет и разликува стиловите. Секој човек кој барем пет пати направил пиво знае повеќе од мене за тоа, но јас едноставно сакам да ги дегустирам и патувам и многу за тоа да зборувам.

Пабовите и рестораните денес се националното богатство за секоја земја. Колку сопствениците посветуваат внимание во тој поглед? Постои ли во Хрватска на пример пивска карта мени?

Неодамна во “Дубравкин пут“ еден од најдобрите ресторани во Загреб влезе Змајско пиво и тоа е револуција која неодамна тргна. Луѓето го сакаат своето домашно пиво, но сакаат да пробаат и нешто ново, Индустриските пива секогаш ќе бидат многу посилни од крафт пивата на овие простори, но зошто да не им се даде можност на луѓето кои сами ги прозиведуваат. Дајте им шанса на малите пиварници да произведат нешто убаво.

Кој е твојот омилен пивски стил? И колку пива можеш да испиеш а да останеш трезен и буден 🙂 ?

— Лично лагер пива можам 3-4, но кога е крафт сцената во прашање можам и посилно  ))) Не пијам многу но кога ќе излезам надвор пијам 3-4 пива.Порано сум знаел да испиам и по десетина . Сега имам 46 години и не ми е сеедно што ќе се слиучи утре со мене. верувај.. Го сакам домашниот лагер, силните ејлови, слаткиот портер и кафениот стоут, иако црната ИПА од Медведград убива. У би ва…

Еден си од основачите на „друштвото на пријатели на пиво“ Колку тоа помага околу развојот на хрватската крафт сцена, која е целта и активностите на друштвото? 

— Не сум основач, туку присуствував на основачката седница и од тогаш сум член. Не сме повеќе луѓе како порано кога секој нареден месец одиш со автобус во посета на пиварници во Хрватска, Словенија, БИХ, но се собираме и дегустираме во четврток. Луѓето носат од своите патувања по нешто, че се зготви, донесе некое мезе… Многу убава приказна, сме пробале околу 2200 нови пива за десет години. Craft и homebrew сцената е многу силна и организирана на сајтот  pivarstvo.info. вклучете се и за месец дена ќе почнете да го правите вашето прво пиво на ужас на вашата сопруга.…

Пивото го измислиле и вареле жените (по историски наоди) а по некои истражувања дознаваме дека биле и подобри конзументи од мажите, што мислиш за тоа во однос на машко женските односи кога е во прашање пивото?

Жените пијат пиво за да слушнат што зборат мажите, бидејќи во основа им е премногу горко! Се зезам. Колку жени толку чуда. Некои сакаат овошни пива, некои ИПА, колку повеќе се на нашата страна тоа е подобро за нас. Обидете се да додјете до Загреб на најголемиот homebrew настан на 04.06 и ќе видете прекрасни работи.

Најгадно, најсилно и најекстремно пиво кое си пробал е…?…

Пиво за кучиња,  Samichlaus, и пиво од феферонки…

Што ќе им порачате на македонските конзументи на пиво…?

Сакајте го вашето локално пиво и дајте му шанса на крафтот. Пивопијците се среќни луѓе, се гледаме наскоро на некој фестивал на пивооо!

Фоторепортажа