Skip to content Skip to footer

ХОЛАНДИЈА: 100 ГОДИНИ ПИВСКА КУЛТУРА, ДВИЖЕЊЕ ОД ИСТОК КОН ЗАПАД

На веб сајтот www.nederlandsebiercultuur.nl, оваа фондација прави еден опсежен преглед на холандската пивска култура и развој достапен за пошироката публика. Овој сајт го дознав од еден млад дечко од Холандија кој што беше дојден сам со неговиот автомобил на едно авантуристичко патување низ Балканот со цел да се запознае со локалната пивска култура, и го посети Пивскиот салон со цел да проба нешто од локалните пива. Неговиот родител е автор на овој сајт и интернационален пивски судија со кој сме се сретнале неколку пати на разните пивски натпревари и секако како родител ја пренесе својата страст и на неговиот син. Овој веб сајт покажува веродостојни податоци за достапни за широката публика и за пиварниците уште од 1919 година. И од тука дознав дека во Холандија слават речиси еден век од Холандската пивска култура и историја. На сајтот има информации за речиси сите холандски пивари, нивните мајстори на пивото како и рецензии за нивните пива. Со помош на една лојална група на волонтери, направија еден преглед на 100 те години од каде што јасно се гледа дека има експлозивен раст последните години.

РАСПАЃАЊЕ И ПОВТОРНО ВРАЌАЊЕ

Во периодот од 1919-2021, 1,352 пиварници работеле во Холандија. Всушност, десетина од нив биле активни во текот на целиот век. Во 20-тите и 30-тите години имаше 248 пиварници, и тој број постојано опаѓаше на 16 во 1979 и 1980. Во периодот од 2010 до 2020 г овој број се зголеми на 952. Поголем дел од нив се затворени поради здравствената криза, за да во моментов има активни 848 пиварници од кои повеќето се номадски пивари односно пивари без свој погон за производство, туку изнајмуваат од други пивари. Феномен кој пред 100 години речиси и да не постоеше.

Речиси 80 проценти од пиварите од 1920 година се наоѓаа во Северен Брабант, или Лимбург. Во 2010 г само 6 % о дпиварниците беа лоцирани во Лимбург, а 21 % во северен Брабант. Уделот во северниот дел од Холандија се зголеми од 2 на 21% а во јужна Холандија од 3 на 14 %. Обично станува збор за мали независни пиварници, кои ги зафати револуцијата на занаетчиското пиварство од САД.

По општини најмногу пиварници имало во Мастрихт (17 во 1920 г), Хорст аан де Маас (11) и сегашните општини Венло, Леудал и Рурмонд (сите 8 пиварници). Во последната деценија, повеќето пиварници беа лоцирани во Амстердам (70), Утрехт (29) и Ротердам (27). Многу пиварници во овие градови, исто така, имаат своја соба за дегустација. Не се работи само за пиво, туку и за споделување на искуство. Многу од овие локални пиварници ги снабдуваа локалните ресторани со своит епива. Овој тренд не е единствен само за Рандштад, туку се однесува на цела Холандија. од 120 пиварници што се затворија во 1920 г повеќето од половината постоеја повеќе од 60 години. Да видиме која од овие што опстојуваат ќе опслужи две генерации со оглед на времињата во кои живееме,

Ако во 1980 г Пилснерот беше најзастапен и најсакан пивски стил, денес се повеќе се бараат специјалните пива.

За посетителите 5 најпосакувани места се

Музејот за пиво во Алкмаар Националниот музеј за пиво 

Brouwerij De Molen, Bodegraven Една од најнаградуваните и најценети крафт пивари во Холандија

Kaapse Brouwers, Rotterdam крафт пивара од Ротердам  Jopenkerk, Haarlem прошетка по околината на поранешната црква со дегустација на пиво, Stadskasteel Oudaen, Utrecht средновековен центар во Утрехт