Skip to content Skip to footer
Отворено: понеделник до петок од 12:00 до 20:00 часот
улица Максим Горки 25/4 1000 Скопје, Македонија
0 items - 0 ден 0

„GULDEN DRAAK“ КУЛТНО ПИВО ЗА ПИВСКИТЕ АМБАСАДОРИ

Со самото тоа што ова пиво го нарековме култно, доволно е да ја посетите нивната официјална веб страница https://www.guldendraakambassador.be/ на која се  прогласуват амбасадори на пивото по поединечни земји покрај голема конкуренција и строги правила, и со самото тоа се добива впечаток дека станува збор за нешто навистина посебно.Златниот змај по кој пивото го добило името е заштитник на градот Гент во Белгија, а во 1998 Gulden Draak е прогласено и за најдобро пиво на светот.

Се работи за „големо пиво“ а во пивската терминологија зборот „големо“ значи дека содржи голема количина на алкохол конкретно за Gulden Draak околу 10,5 % во волумен. За ваквите пива навистина е тешко да се добие балансиран вкус и мирис, бидејќи самит алкохол е предоминантен и ги прикрива сите останати ароми и вкусови. Исто така и за ова пиво е карактеристична ферментацијата во шише.

Ваквите пива се пијат на повисоки температури 8-12°C, а се пијат во специфични чаши како за коњак.

Внимание привлекува и неговата амбалажа, која е во мало шише со волумен од 0,33 л а шишето е обвиено со фолија, на која се наоѓа етикетата, односно логото и останатите податоци за пивото. Оваа фолија е корисна за пивата од овој тип кои може да се чуваат со години, а со текот на времето стануват и многу подобри, а со оглед на тоа дека светлоста штети на стабилноста на хмељните компоненти во пивото, оваа фолија исто така служи и како заштите од светлината.

Пивото има темно кафена костенеста боја и е умерено бистро, со карактеристична арома на сладот, карамела и пржен шекер, одредена количина на овошни ароми, и изразен мирис на алкохолот. Хмељните ароми се скоро и неприметни. При самата дегустатија пивото поради неговата висока количина на алкохол ве грее речиси до желудникот.

Врвен примерок на белгиско темно ејл пиво, типично зимско пиво, и не се препорачува за пиење преку лето. Совршено се комбинира со темно чоколадо, и разни видови десерти.

Наздравје.