Skip to content Skip to footer
Отворено: понеделник до петок од 12:00 до 20:00 часот
улица Максим Горки 25/4 1000 Скопје, Македонија
0 items - 0 ден 0

ГЕРМАНИЈА: ОКТОМВРИ БЕЗ ОКТОБЕРФЕСТ

Овогодишното издание на најголемиот пивски фестивал во светот Октоберфест, што требаше да се одржи од 19 септември до 4ти Октомври, нема да се одржи поради пандемијата на коронавирусот, објавија властите во Баварија.

Причината за неговото одложување на вонредна прес конференција ја образложи министерот Маркус Зудер, а тоа е поради опасноста од вториот бран од Ковид 19. Тој додаде дека треба да се внимава особено додека не се најде вакцината.

Годишните приходи кои празникот ги носи кон пиварите и на сопствениците на гостилниците, хотелите и уметниците и таксистите изнесува скоро 1,3 милијарди евра,

Ова е прво одложување после Втората Светска Војна. Првпат се одржал во 1810 година по повод венчавката на престолоанследникот на Баварија Лудвиг кој подоцна стана крал Лудвиг Први