Skip to content Skip to footer
Отворено: понеделник до петок од 12:00 до 20:00 часот
улица Максим Горки 25/4 1000 Скопје, Македонија
0 items - 0 ден 0

ДОМАШНО ПИВАРСТВО- ИНТЕРНЕТОТ, НАЈДОБАР СОВЕТНИК

Од пресудна важност, при производство на домашно пиво, е да имате доволно квасец и од сите останати состојки, и пред самото кување да бидете добро подготвени за да не дојдете во ситуација на половина од работата нешто да ви недостасува. 

 

 

За среќа на интренет постојат многу калкулатори, бесплатни апликации каде што сами можете да си го креирате рецептот, кои ја пресметуваат точната количина на сите состојки потребни за одредено пиво. 

Основните знаења за варење на пиво и за секоја состојка која е потребна за производство на пиво мора да ги имате. Некогаш, пред не така многу години, немаше толку совети и советници, но денес благодарение на Интернетот помош сигурно дека ќе најдете. Покрај споменатите калкулатори и совети, кои може да ги пронајдете бесплатно, на интернет може да пронајдете и многу рецепти. За некој кој прв пат се впушта во авантурата „варење на пиво“, форумите на кои се пишува за домашното пиварство се корисни и од голема помош.

Во Македонија постојат неколку такви форуми. Првиот е Beer Underground Macedonia BUM а вториот е Домашно Пиварство Македонија. Специјализираната продавница за суровини и опрема за домашно пиварство од хоби е Пиводром и имате се што ви е потребно за да го исполните креативно вашето слободно време.

Сепак имајте на ум дека за да излезете на пазар со ваш бренд, треба малку повеќе знаење и малку повеќе пари, и следење на сите законски регулативи. Не е исто кување пиво од 23 литри до 100 литри и кување пиво од 5 тона до хектолитри. Домашното пиварство од хоби во одредени земји е регулирано со закон, а во одредени земји сеуште е во илегала, во кои спаѓаме и ние. Борбата за да се излезе од овој лавиринт на закони и правилници е тешка и голема, позитивни промени има, но сепак сеуште трае.