Skip to content Skip to footer
Отворено: понеделник до петок од 12:00 до 20:00 часот
улица Максим Горки 25/4 1000 Скопје, Македонија
0 items - 0 ден 0

„CRAFT HOUSE BREWERY“ ДОАЃА ПИВОТО „CROWN“ ПИВСКАТА КРУНА ОД ВЕЛЕС

Градот Велес, со централна местопололжба на Македонија, е значаен и познат по голем број работи.

Градот бил дом на голем број македонски преродбеници, револуционери, писатели и поети и тој е една од лулките на македонската култура, а низ историјата се среќава како град на првиот театар во Македонија, град на првата библиотека, првата гимназија, првото музичко училиште, како и првиот музеј. Градот е карактеритичен по својата типична велешка и староградска архитектура. Велес е еден од индустриските центри на Македонија и значаен трговски, транспортен и економски центар.

Уште во минатото Велес бил развиен занаетчиски град со голем број на занаети како на пример грнчари, калајџии, ковачи, јорганџии, дограмаџии, касапи и многу други, а своите производи велешките занаетчии отпрвин ги превезувале преку сплавови (гемии) преку реката Вардар до Солун, а подоцна со изградбата на пругата замрел овој вид транспорт.

Кога веќе ги споменавме занаетчиите, некако тука ни се вклопува приказната и за занаетчиското пиво. Град кој има развиена пивска култура, од каде што потекнуваат и неколкумина производители на домашно пиво кој што учествувале на пивските салони во организација на порталот СакамПиво.мк, како и неколку пабови кои се држат до пивската култура.

Од неодамна, по долгогодишна борба со институциите, градот Велес е домаќин и на новата официјална занаетчиска пивара во регионот и во земјата CRAFT HOUSE. По неколкунеделни натегања, конечно викендот во саботата на 26 септември, со мојата колешка од Слоу Фуд Водно Катерина Јордановска Жанил, собравме сили и се решивме да ја реализираме оваа наша пивска авантура, и покрај врнежливиот и ветровит ден. Со мала помош од нашиот пријател и другар Слободан Темелков (активен производител и љубител на домашно пиво) во пронаоѓање на точната локација на нашиот пријател, стигнавме во точно определеното време.

Влатко Костадинов сопственик на пиварата CRAFT HOUSE, Марјан Костадиновски сопственик на порталот САКАМПИВО.МК и Катерина Јордановска Жанил член на Слоу Фуд Водно
Со мал капацитет, но големи амбиции, од неодамна CRAFT HOUSE го лансираа и своето прво пиво „CROWN PALE ALE“ кој е и првиот Пеил Еил пивски стил на македонскиот пазар. Капацитетот на пиварата се состои од варилница од 1000 литри, шест ферментори по 1000 литри каде што се планира да се произведуваат и други пивски стилови во зависност од тоа како ќе бидат прифатени на пазарот, и уште два ферментори од по 2000 литри и полнач со капацитет од 200 до 250 шишиња на час.

Во текот на нашата прва посета ја пробавме и новата серија на CROWN IPA India Pale Ale, која што беше спремна за полнење, и CROWN PORTER, едно уникатно темно пиво со специфични ароми на кафе, прекрасна стабилна пена со околу 5% алкохол, пивски вкус и стил кој досега не е присутен на нашиот пазар од домашните пивари. Пријатно сум изненаден и од однос на сопственикот кон пивото, бидејќи со секој стил планира да го служи со различна чаша, за да се почувствуават сите ароми и вкусови на пивото, наместо една унифицирана.

Сопственикот Влатко Костадинов дипломиран на Универзитетот Св Кирил и Методиј на Земјоделски факултет, идејата ја разработува уште од 2015 година, при посета на неколку пивари и поддршка од врвни технолози во Србија, за да конечно се одлучи тоа да го пренесе и кај нас.

Марјан, Слободан Темелков и Влатко Костадинов
Неговите пива наскоро ќе може да ги набавувате преку порталот и веб продавницата сакампиво.мк.

Огромна благодарност за срдечниот пречек и гостопримливост на Влатко и Слободан. До нашето следно видување и дегустација, наздравје!

Марјан Костадиновски
автор на порталот сакам пиво.мк