Skip to content Skip to footer

ЧЕТИРИ НАГРАДИ ЗА БРИТАНСКАТА ПИВАРА St Peter’s Brewery НА European Beer Challenge

Пиварата St Peter’s Brewery, во Суфолк има што да слави овој месец. На овогодишнета манифестација European Beer Challenge тие собраа четири главни медали, од кои три златни.

Пивата се оценуваат од страна на врвни судии и Европски клиенти од бизнис секторот, идни потенцијални купувачи на пиво од Европа, на кои пиварите ги праќаат своите производи пред клучните и влијателни луѓе на пазарот на пиво, кои што ги оценуваат пивата без да знаат кој бренд е, а врз основа на критериумите за оценување на пиво од страна на Асоцијацијата BCJP.

Секој производ, односно пивара која што одлучила да го прати својот производ на оценување на овој настан, должна е да помине низ ригорозните и строги процеси на дегустација на слепо, како што се нарекува овој начин на оценување на пивото што им овозможува на новите брендови да се натпреваруваат рамо до рамо со водечките светски пива, и тие резултати те медали ги истакнуваат на етикетата на пивото.

Оваа година Британската пивара St Peter’s Brewery собнра четири значајни награди: двојна златна медала за Cream Stout, Old Style Porter, и Without Gold, сребрена медала за Plum Porter.

„Воодушевени сме што ги освоивме овие награди, што е доказ за нашата напорна и посветена работа за создавање на убави и квалитетни пива.„ изјави Дерек Џонс, сопственик и извршен директор на пиварницата.

„Овие награди ги оценуваат водечки имиња од индустријата и конкуренцијата е секогаш голема, со стотици записи од целиот свет. Ова е фантастичен начин за нас да го покажеме квалитетот на нашите производи пред водечките купувачи на пиво во светот и да се надеваме дека ќе оствариме повеќе контакти кои што ќе ја зголемат нашата продажба и препознатливост на брендот“.

Извор: Beer Today