Skip to content Skip to footer
Отворено: понеделник до петок од 12:00 до 20:00 часот
улица Максим Горки 25/4 1000 Скопје, Македонија
0 items - 0 ден 0

ЧЕШКА: ТРАДИЦИЈАТА МОРА ДА СЕ ЗАШТИТИ- ПЛЗЕНСКОТО ПИВСКО БУРЕ ВЛЕГУВА ВО УНЕСКО

Ако во минатото беа 150 пивски буриња, денес се преостанати само осум каде што се прави познатото Плезенско Чешко пиво на традиционален начин односно одлежување во уникатните дабови буриња со што пивото добива специфичен вкус.

 

Како резултат на тоа пиварите од Чешкиот град Плзен го направија одлучувачкиот чекор со аплицирањето за регистрација на Светската UNESCO’ листа на нематеријално кутурно наследство за нивното дабово пивско буре кое што е национален симбол и традиција. Министерот за култура Антонин Станец официјално ја одобри регистрацијата за бурето на Плзенските пиварници што претставува значаен чекор. 

Pilsner Urquell е една од последните пиварници во Европа кои што го негуваат и развиваат традиционалното занаетчиско производство на пиво со одлежување во дабовите буриња и сеуште ги изработуваат и до денешен ден. Првата регистрација се случи кон крајот на декември минатата година, со што се запиша во УНЕСКО и зачува оваа традиција за идните генерации. 

Во Пленски Праздрој се произведуваат овие дабови буриња по оригинална постапка, која што не е запишана во книгите, туку искуството се пренесува од колено на колено, од газда на чирак. Тие го користат најквалитетното дабово дрво за производство на овие буриња. Дрвото мора да биде без јазли и природно сушено, а тоа трае најмалку осум години. Пивските буриња за разлика од винските буриња мора да се премачкаат со смола пред секоја употреба, По обем овие буриња се со волумен од 46 хектолитри и тежат 800 кг . Оваа традиција на производство на Плзенскиот лагер е стара 176 години/ Секоја година во пиварата се произведуваат по два нови лагер барел буриња кои што се транспортираат до коморите за одлежување. За специјални намени односно фестивали се произведуваат и барели од по 50 литри.

Извор; ceskenapoje