Skip to content Skip to sidebar Skip to footer
Отворено: понеделник до петок од 12:00 до 20:00 часот
улица Максим Горки 25/4 1000 Скопје, Македонија
0 items - 0 ден 0

САД: Brewers Association ГО OБЈАВИ НОВИОТ ВОДИЧ НА ПИВСКИ СТИЛОВИ 2020

Американската Асоцијација на пивари позната како Brewers Association - Американска трговска група која што оперира со 7400 пивари, пивари во иднина, дистрибутери, добавувачи, и трговци на крафт пива, го објави новиот водич на пивските стилови  2020 Beer Style Guidelines .

TRITORDEUM- НОВА ЖИТНА КУЛТУРА ВО ПИВАРСТВОТО

Тритордеум е новата Медитеранска житарка која што е комбинација на најдобрите сорти на див јачмен со пченица. Нејзинат структура се одликува со хранливи, агрономски и органолептички придобивки кои што ја прават уникатна.

СОФИЈА: BALKAN BEER BASH Е НАЈНОВИОТ И НАЈСЕРИОЗЕН ПИВСКИ НАСТАН ВО БУГАРИЈА ЗА 2020

Неодамна од нашите пријатели од Бугарија дознавме дека се подготвува првото издание на BALKAN BEER BASH во Софија, што е и прв посериозен настан или дводневен фестивал на крафт пива со тенденција да биде еден од најсилните во регионот.

ОД ИСТОРИЈАТА НА МАКЕДОНСКОТО ПИВАРСТВО: РЕКЛАМА ЗА ПРВОТО „СЕМЕЈНО МАКЕДОНСКО ПИВО“ ОД ПРИЛЕП 1999 Г.

Крафт пиварството, занаетчиското пиварство или домашното пиварство има своја долга историја и традиција и во нашата држава. Во 90тите години од минатиот век, градот Прилеп беше горд на своето „Семејно МАКЕДОНСКО Пиво“ првото крафт пиво во Македонија, продукт на семејната компанија „Андикома“, пред точно 20 години, во производство на Димитрија Стојаноски од Прилеп сопственик на првата мини пиварница во Македонија.

РЕПОРТАЖА: „CANTILLON“-ПОСЛЕДНАТА АКТИВНА ЛАМБИЧКА ПИВАРА ВО БРИСЕЛ

Ламбичкото пиво е ретко, кисело пиво, кое што во неговото производство користи техники кои што датираат уште на самите почетоци откако човекот почнал да се занимава со пиварството. На оваа моја дводневна посета во Брисел успеав и бев цврсто решен да ја најдам и посетам оваа уникатна пивара, читајќи претходно многу за овој пивски стил,…

10 НАЈДОБРИ КНИГИ ЗА ДОМАШНОТО ПИВАРСТВО

Домашното пиварство станува многу популарно и во нашата држава. Но, пред да се пуштите во оваа хоби авантура пожелно е и да се стекнете со основното предзнаење за истото. Сакам Пиво.мк ви предлага неколку книги кои се сметаат за основа за да го стекнете соодветното познавање од оваа област. Да започнеме со прегледот:

РЕПОРТАЖА: ОСВОЈУВАЊЕ НА ЗМЕЈОТ СО „ГУЛДЕН ДРАК“

Секое исклучително, одлично пиво си има и своја голема приказна, па така и пивото „Гулден Драк“. Познато по „златниот змеј“, но и пиво кое што потсетува на вино со исклучително силна арома и полн вкус. Следува приказната за Гулден Драк.   „Гулден Драк“ на својата етикета го има змејот како симбол кој што го претставуваше бродот на…

ITALIAN GRAPE ALE: ПРВИОТ ИТАЛЈАНСКИ ПИВСКИ СТИЛ РОДЕН ОД БРАКОТ НА СЛАДОТ И ГРОЗЈЕТО

Американската програма за сертифицирање на пивски судии (Beer Judge Certification Program BCJP). во својот последен билтен од 2015 година за прв пат го презентира и призна оригинанлниот Италјански пивски стил, и тоа е одлично признание за италјанското движење на занаетчиското пиво, кое во последните 20 години направи голем напредок и во однос на произведените хектолири, квалитетот на пивото но и законската регулатива.