Skip to content Skip to footer
Отворено: понеделник до петок од 12:00 до 20:00 часот
улица Максим Горки 25/4 1000 Скопје, Македонија
0 items - 0 ден 0

БУГАРИЈА: ПИВОТО „ЗАГОРКА“ СО 100 % БУГАРСКИ СЛАД ЗА НОВАТА ЛИМИТИРАНА СЕРИЈА

За прв пат традицијата, искуството и пивото во соседната држава Бугарија се наоѓаат во една хармонична симбиоза. Станува збор за новата лимитирана серија на Загорка Специјал пиво кое што е создадено за почитувачите на природните состојки од локалното поднебје и традиционалното искуство.

 

Пивото Загорка Специјал содржи 100‘ бугарски јачменов слад кој што е селектиран од три региони од полињата од Стара Загора, Чирпан и Севлиево. Трите различни илустрации на пивото ги развиваат креативните визии на шишњата и лименките пиво. 

Симболиката на пораката „Добро е кога е од овде“ ја испреплетува креативната визија на бугарските уметници и различните фази на одгледување на бугарскиот слад за да го добијат уникатиот вкус на Загорка Специјал. – од сеидба, одгледување и жнеење. Во духот на пораката е и лимитираната серија на лименки и шишиња 

Уметниците на своите уникатни дизајни секој на свој начин ја презентира звојата визија во поглед на слоганот „Добро е кога е локално“. Аспарух Петров, Мила Лозанова и Розалин Буркова го даваат одговорот за тоа што за нив претставува локално и добро. На пример уметникот Аспарух во неговата визија го следи процесот на сеење насловено како „Посеавме Добро овде“, Мила е од Бугарската Академија за уметност, нејзината визија е за скромните и талентирани луѓе, додека Розалин се надева на применетите знаења од надвор на локален терен и помогне во збогатувањето и модернизацијата на илустраторската и графичката уметност во Бугарија.

Пиварата „Загорка“ влегува во вториот век од работењето во Стара Загора, Уште од отварањеето на пиварата од 1902 година од страна на д-р Кожухаров, пиварницата се претвора во симбол на градот, а Загорка е омилено пиво на генерации Бугари. Во 1994 година, Загорка АД се приклучи на глобалното семејство HEINEKEN. Оттогаш, повеќе од 20 години, во Загорка АД се инвестирани повеќе од 133 милиони евра за модернизација на процесите и зголемување на капацитетите за производство. Денес пиварницата во Стара Загора е една од најсовремените во регионот на Централна и Источна Европа.

Како дел од семејството на HEINEKEN и водечки бугарски производител на пиво, Загорка АД е посветена на развојот на својот одржлив и одговорен бизнис. Во 2013 година, Министерството за животна средина и ја додели на Загорка АД наградата “Зелена Бугарија” за бизнис со севкупен придонес во заштитата на животната средина. Од 2015 година, за две последователни години, ЗАГОРКА го освои првото место на натпреварот “Greenest Company” во секторот FMCG и е најеколовата и најодговорна компанија во индустријата за пиво, според потрошувачите.

Портфолиото на компанијата нуди разновидни висококвалитетни производи кои ги задоволуваат вкусовите на бараниот бугарски потрошувач – Загорка, Хајнекен, Ариана, Амстел, Столично, Деспердос, Старобрно и сајдерот Strongbow. Безалкохолни пијалоци за љубители на пиво со 0.0% алкохол: Загорка 0.0%, Хајнекен 0.0% и Ариана Редлер 0.0% со лимон и малини.

Загорка е и првото бугарско пиво кое што е извезено надвор од државата уште од 1903 година.

Во 2018 година Загорка ја  започна својата платформа “Добро е кога е од овде”, која го предизвикува откритието и го поттикнува секојдневниот живот. Зачувувањето и пренесувањето на бугарските традиции и дух, прекршени на нов и ажуриран начин, да бидат релевантни денес и утре.

извор: vesti.bg