Skip to content Skip to footer

БРЕНДОВИ: ИТАЛИЈАНСКОТО ПИВО PERONI СО НОВ ДИЗАЈН

Неколку месеци по лансирањето на новиот графички дизајн на нивниот водечки бренд Birra Peroni го продлабочува рестилизирањето презентирајќи го својот нов корпоративен имиџ промена која што ги комбинира модерноста и традијата и допира до до сите алатки за модерна комуникација, започнувајќи со новото лого.

Новото лого создава силна врска со потрошувачите со сите производи на Перони и одразува силен и незаборавен идентитет кој го отелотворува модерниот дух на брендот. Традиционалните елементи од претходното лого се поедноставени, и посовремени,а  долгата традиција е претставена во датумот на основање 1846 и и континуирана употреба на златните и црвените букви.

Редизајниран е и веб сајтот со подобрен и чист визуелен дизајн. Збогатена е приказната за Луѓето на „Бира Перони“ и процесот на производство. Одржливост на брендот, луѓе, историја на компанијата, корпоративни цели, потоа секако описот на пивата.
Новото видео  го доловува најчовечкиот и најрепрезентативниот аспект на брендот. „Животот е составен од средби, моменти за заеднички живот“ е тврдењето што делува како лајтмотив за безгрижни слики, полни со страст и соучесништво не потсетува на тоа колку „Бира Перони“ е секогаш пивото на Италијанците, кое ги придружува сите моменти на споделување
Од особен интерес е новиот онлајн музеј на „Бира Перони“ до кој може да се пристапи со интерактивно патување што ги проследува најзначајните фази во историјата на „Бира Перони“, дозволувајќи им на корисниците, водени од наративниот глас на кураторот на музејот, Даниела Брињоне, да откријат многу чуда што се чуваат во Музејот и историската архива во внатрешноста на фабриката во Рим меѓу уникатни шишиња, историски парчиња, вртелешки, промотивни постери и сведоштва на оние кои ја анимираа долгата историја на „Бира Перони“.

Бира Перони е веќе подолго време застапено на Македонскиот пазар.