Skip to content Skip to footer

БЕЛГИЈА: ОД 23 ТИ ДО 28 МИ АВГУСТ BELGIUM BEER WEEK

Второто издание на Белгискиот пивски викенд ќе се одржува во повеќе од 60 барови, пиварници и други локации низ Антверпен, Брисел, Левен, Бриж, Гент, Мехелен, Лиеж и Намур. Местата кои што се пријавија за учество организираат повеќе од 150 настани во текот на оваа недела полна со хмељ, каде што посетителите ќе уживаат во нивниот омилен пијалок од јачмен.

La Tana, Rue de l’Enseignement 27, 1000 Brussels, Belgium

И Белгијанците не се тоа ако не е надополнето со сесии за спарување на пиво со храна, земање на точено пиво од пивниците и баровите, колаборации, дегустации на слепо, размена на шишиња и други настани кои се продолжуваат од првото успешно издание на Белгиската пивска недела.

„Овој настан е приказ на Белгиската пивска култура, и ентузијазмот што го пренесуваат луѓето, кои се страсни во својата професија/хоби“ – изјавија од организацијата.

„Овогодишнето издание следи по успешото издание од 2020 година, со повеќе од 50 настани за пивото, кои се одржуваа во над 30 локации во Антверпен и Брисел. Посетителите можеа да уживаат во нивниот омилен паб, или да дознаат повеќе нови работи за Белгиските пива. Во ова издание стануваме поголеми и подобри со проширување на повеќе места низ Белгија“ изјавија од организацијата.

Белгискиот пивски викенд е поддржан од непрофитната организација Beer Idiots која што објавува вести и информации за културата на пивото. Котизацијата за регистрација на учесниците беше 20 евра кои што ја плаќаат на организаторите на настанот, и целата сума е потрошена за промотивните активности, промовирање на настаните, и привлекување внимание на јавноста.

извор? BIERE GRAND CRU

линк