Skip to content Skip to footer
Отворено: понеделник до петок од 12:00 до 20:00 часот
улица Максим Горки 25/4 1000 Скопје, Македонија
0 items - 0 ден 0

БЕЛГИЈА ДО УНЕСКО: „ПИВОТО ДА БИДЕ КУЛТУРНО НАСЛЕДСТВО НА ЧОВЕШТВОТО“

Брисел: „Тоа го охрабрува националниот идентитет на државата“ А одговорот дали ќе го прифати тоа УНЕСКО ќе дојде веќе од следната недела.

Оние кои сакаат пиво сигурно барем еднаш во животот ги пробале преубавите белгиски пива. од темни до златно жолти пилснери, преку трапистите произведени во манастирите кои се најпознати и ценети во цел свет. И Брисел се одлучи да го воздигне пивото да стане светко културно наследство. и официјално побара од Обединетите Нации да ја додадат културата на пивото во листата на Унеско.

Но за да бидеме малку попрецизни Белгија сака да и се признаат нејзините типични стилови и карактеристики на нивното локално пиво и на целата култура која се случува околу тоа, посочувајчи на активностите околу производството на пивото и останатите алкохолни пијалоци во прашање за поттикнухвање на обединувачкиот идентитет на земјата со трите официјални јазици (фламански, француски и германски).

Според податоци од Здружението на белгиските пиварници, во земјата има околу 200 пиварници кои прават 1500 видови на пиво. Исто така имаат и триесетина музеи на оваа тема. Одлуката на УЕНСКО се очеквуа следната недала кога комисија посветена на „нематеријалното наследство“ ќе се сретнат во Адис Абеба за разгледување на ова барање.