Skip to content Skip to footer
Отворено: понеделник до петок од 12:00 до 20:00 часот
улица Максим Горки 25/4 1000 Скопје, Македонија
0 items - 0 ден 0

BEER АТТRACTION -РИМИНИ: КРЕМОТ НА ПИВАТА ОД ЦЕЛ СВЕТ НА ЕДНО МЕСТО

 

Меѓународната средба со специјалните пива, занаетчиските пива и секторот храна за ХОРЕКА ја обединува елитата на светските познавачи и ценители на овие гастрономски специјалитети.Сакам Пиво.мк на покана од Унион Бираи Италија ќе биде дел од интернационалниот тим на 85 судии од целиот свет кои ќе учествуваат во најважниот настан на овој саем а тоа е изборот на Италјанско занаетчиско пиво на годината или „Birra dell’anno“

 

Римини, 11 Февруари 2018 : Како да ја усогласите храната со новите занаетчиски пива? Оваа тема ќе биде во фокусот како една од многуте за кои ќе се разговара на годишениот Beer Attraction, саем за трговија и размена на искуства во организација на Italian Exhibition Group (IEG)  посветен на специјалните пива, занаетчиските пива и храната од ХОРЕКА секторот, кој се одржува од 16 до 19 февруари. во Експо центарот во Римини. Семинари, talk show, и деловни средби под знамето на слободниот бизнис на 4 дневната изложба која што ги собира сите професионалци во својот сектор.

Една од најголемите асоцијации во Америка Brewer Association (BA), во која што членуваат повеќе од 4904 Американски пиварници, за прв пат на посетителите ќе презентира “Taste vs Flavor: how craft beer can elevate pairing in menus” или како да го спарите вкусот на занаетчиското пиво во вашето мени, една опсежна студија во која се зборува со каква храна се спаруваат американските крафт пива. Исто така ќе се разговара и за трендот на занаетчиските пива во Америка под панел дискусијата. “The Power of Craft Beer – Update and Trends in America Craft Beer” кој што ќе претставува на некој начин преглед и поглед на во моменот каде што е домот каде што се практикува најголемата и растечка култура на конзумирање на пиво Америка.

Во понеделник на 18 ти февруари е панел дискусијата “The Beer Market in the USA”,конференција во соработка со ITA – Italian Trade Agency Италјанската Трговкса Заедница каде што ќе се разгледуваат можностите за извоз на италјанските пива во странство.

Средбата на Америка и Европа ќе доведе до меѓународна споредба на светот на Независните Занаетчиски Пивари –  Brewers Association (BA) и клучните членови на Британското Здружение на независни пивари Britain’s Society of Independent Brewers (SIBA), ќе ги споредат Американските со Европските крафт пива под панелот “US craft beers and European craft beers: two markets in comparison”.

и најважниот настан ќе биде The Beer of the Year award (14th издание)  кој што ќе биде на денот на отварањето на 16ти со интарнационални судии од цел свет на кој што е собрана елитата на пивските познавачи меѓу кои ќе биде и Сакампиво.мк..

ФОКУС НА BEER ATTRACTION И BBTECH EXPO 2019
Датум: 
16-19 February 2019; организатори: Italian Exhibition Group SpA во соработка со Unionbirrai, FIC (Italian Federation of Chefs); под патронат на општина: Emilia Romagna Region и Rimini Municipality; фреквенција: годишно; издание: 5th; прием: резевирано исклучиво за членовите на трговската мрежа. Во Сабота само на 16ти Февруари исто така ќе биде отворен и за јавноста за сите вљубеници на пивото и гурманите време: Сабота 16th, Недела 17th и Поенделник 18th : 10:00 am – 6:30 pm; Вторник 21st February: 10:00 am – 5:00 pm;

www.beerattraction.it  www.bbtechexpo.it  #BA2019