Skip to content Skip to footer

АВГАНИСТАН: ГЕРМАНИЈА ГО ВРАЌА ПИВОТО КОЕ ШТО БЕШЕ НАМЕНЕТО ЗА АРМИЈАТА

Der Spiegel :   прв пат обајви во петокот дека Германските војници имале огромен вишок на пиво и друг алкохол во нивните бази во земјата. На германските војници им биле дозволени да конзумираат две лименки пиво на ден или еквивалентно друг алкохол. Повеќе од 60 000 лименки пиво и стотици шишиња вино се наоѓаат во Камп Мармал во близина на Мазар-и-Шариф во северен Авганистан, објави весникот. Станува збор за повеќе од 22500 литри пиво, додека се повлечат силита на НАТО од Авганистан.

Од неодамна командантите им забранија на војниците да пијат алкохол поради зголеменото насилство во Авганистан пред нивното повлекување. Локалните сили не беа во можност да го продадат алкохолот поради верските и културни разлики во Авганистан.

 

Портпаролката Кристина Руци во понеделникот објави дека според договорот ја превзема обврската да ги врати назад во Германија пред да заминат последните германски војници.

Германија има повеќе од 1100 војници, а 59 загинаа од почетокот на конфликтот во Авганистан.

извор: Дер Шпигел