Американската пиварница Maltese Brewing Company сака да го прати нивното пиво Signal One 2.0 до Гинисовата Книга на Рекорди – во според нивно мислење најзачинетото пиво во светот. Maltese Brewing Company е лоцирана во Фредериксбург, Вирџинија, Нејзините основачи се пожарникари, (можеби и затоа се стремат да бидат забележани како пивара која што го направила „најлутото“ пиво во светот) . Пивото Signal One 2.0 е ананас ИПА пиво со додавање на најлутите пиперки во светот “Carolina Reaper” во однос 770 g на 100 литри. Според проценките на пиварите острината на пивото е повеќе од 400 илјади единици според Сколвил скалата за лутите пиперки.
Тие дури започнаа и со еден предизвик: оној кој што ќе испие 300 мл од пивото во рок од 10 минути добива комеморативна маица со натпис „Го испив најлутото пиво во светот и преживеав“. а фотографиите од хероите и нивните имиња ќе бидат објавувани на почесната табла во салонот во пиварницата каде што се точи пивото. Пивото чини само 12 долари.
За да се потврди рекордот и утврди моќта на пивото и светскиот рекорд извршниот директор на Пиварницата Реј Париш се упати кон Универзитеот Мери Вашингтон, каде што самиот тој студирал физика. Истражувачите треба да ја измерат концентрацијата на капсаисин и дихидрокапсаицин, кои ја создаваат лутоста и да го измерат бројот на единици според скалилата на Сколвил. Од средината на Март резултатите од оваа студија ќе бидат испратени до издавачите на Гинисовата книга на рекорди. За да се заврши истражувањето потребни се неколку месеци.
BREWBOUND.COM
Maltese Brewing Company
(Company Website)