Skip to content Skip to footer
Отворено: понеделник до петок од 12:00 до 20:00 часот
улица Максим Горки 25/4 1000 Скопје, Македонија
0 items - 0 ден 0

АБЕЦЕДА НА БЕЛГИСКИТЕ ПИВА

Ако Бразил е синоним за фудбалот, тогаш Белгија сосема со сигурност можеме да кажеме дека е синоним за пивото. Пред самата крафт револуција пивата се делеле на белгиски и обични пива . )). иако со доаѓањето на крафт пивата се очеквуаше пад на белгиските пива, тие своето место на пивската карта сосема добро и цврсто го држат. Па така разновидноста денес се движи од индустриските пива, па се до крафт пивата и се разбира белгиското пиво. Во Белгија сигурно ќе ги пробате најдобрите пива на светот и веројатно кога веќе сте помислиле дека само што сте ја испиле вашата најдобра чаша пиво до сега, веќе ви стигнува нова која е подобра од претходната : ).Што всушност би требало да знаете  за белгиските пива а не сте имале кого да прашате. ОДговорот ќе го најдете во овој текст.

ШТО ВСУШНОСТ ЗНАЧИ ТРАПИСТ ПИВО?

 

Најчестиот збор кој е во корелација со Белгија и со нивните пива. Трапист пиво по дефиниција е пиво произведено во во рамките на монашката заедница, од рацете на монасите кои се главни мајстори. Со голед на тоа дека се работи за повеќевековна традиција, правилата се прилично јасни и бетонирани. Од рецептот, начинот на подготовка, па се до трошењето на парите од продажбата на пивото. Парите често се насочени во хуманитарни цели а дел се користат и за одржување на манастирите. Во светот постојат 11 трапист пива, Повеќе од половината доаѓаат од Белгија, два од Холандија, по еден од Италија и Австрија, а од 2013 еден и од Америка.

Dubbel

 

Јачината на дубел пивата се движи од 6 до 7,6 % алкохол. Тоа се пива во кој доминира слад а во кои хмељот а малку или речиси воопшто не присутен. Вкусот им е комплексен, а примарно е сушеното овошје. Со оглед на тоа дека во средниот век писменоста на населението не била доволно голема  бивските бачви ги означувале со буквата „Х“ за јачината на алкохол. Со оглед дека дубелот е силно пиво ознаката ХХ и ден денес се задржала во пивскиот свет. Со ова пиво скарата е совршена комбинација а типски представници на овој стил се: Chimay Red, Corsedonk Peter, New Belgium Abbey итн итн.

Tripel

 

Јачината на овој пивски стил варира од 7,5 до 9,5 % алк. Доминира овошјето со посилен тон на карбонизација. Алкохолот всушност и не е приметлив покрај неговата јачина, и затоа е приајтен за пиење. Во однос на дубелот, трипело те посветло. Препорачано е да се пие од шише, бидејќи точената верзија не е нешто посебно. Идеален е со масна и кремаста храна, јагнешка или крем супа примери Westmalle Trippel & Chimay White.

Belgian Dark Strong Ale

 

Јачинаа на овој стил е од 8 до 12 %. Тоа се многу комплексни пива со зачини (најечсто бибер) сушено овошје (смокви, цреши, сливи) Ова е всушност апсолутно најголема и најкомплексна категорија во пивскиот свет позната и како Quadruple Trappist. Со оглед дека се и апсолутни прваци во пивскиот хедонистички свет, најдобро е ништо да не се јаде со нив, но генерално ако веќќе имате потреба препорачано е гравот, или некои комплексни и тешкид есерти. примери: Westvleteren 12, AleSmith Grand Cru, te Allagash Avance очеквуајте и „посолени“ цени

Witbier

 

Лесен стил од 4,5 до 5,5 % алк. со цитрусни ноти апсолутна рамнотежа на овошје и зачин, каде што присуството на хмељот е минимално. Освежувачко и пријатно пиво. за разлика од својот германски роднина, во Белгија во овие пива често се става и кора од портокал или коријандер  педесетите годни од минатиот век овој стил речиси во целост исчезнал, така да денес благодарение на Hoegaarden го имаме повторно неговото опстојување. добро се спарува со салати и морски плодови, примери: Fantome Blanche, Allagash White, Hitachino Nest White Ale

Flanders Red

 

Варијацијата на алкохол е од 4,5 до  6,5 %. доминираат овошни кисели ноти, а посебно боровинка. Киселите ноти се слични со нотите на црвеното вино. И самиот начин на подготовка е сличен со црвеното вино. па така ова пиво одлежува две години во дрвени буриња, тешко е да се спари со било кој вид на храна, но сирењето секогаш одговара, поготово козјото. Duchesse de Bourgogne, Bruery Oude Tart Rodenbach Grand Cru

Oud Bruin

 

Алкохол од 4 до 8 %. сличен е на претходниот, но киселите ноти се поблаги и посуптилни. вкусот на темното чоколадо и карамела е специфичен в офлашираната верзија. одлежува и ферментира исто како претходниот стил. но овој стил наместо дрвени користи метални буриња. се работи за редок стил на пиво, кој може да го најдете само во специјализирани продавници или пабови. прилично е специјално и како такво тешко достапно и се произведува во мали серии. со храна совршена комбинација е со сирење а примери се: Oud Bruina од Petrus и Ichtegem.

Belgian Blond Ale

овој стил нуди алкохол од 6 до 7,5 %. најлесно се опшива како силно питк о пиво. спектакуларни вкусови нема, туку само некои овошни ноти, . Самиот стил настанал како одговор на пилсенрот и неговата популарност во Европа. се спарува со кинесла или индиска храна. Leffe Blond, Affligem Blond Green Flash Rayon Vert

Belgian Pale Ale

 

алкохол варира од 4,8 до 5,5%. во мирисот има убави овошни ароми, но во вкус исто така не е нешто спектакуларен и најслаб е од сит ебелгиски стилови до сега. ова може да се каже дека е белгиски догоор на сезонските пива (session) со помал процент на алкохол. ак опогледнеме малку поназад низ историјата британското влијание на белгиские пива во 18тиот век го оставил британскио тквасец и хмељ а белгискиот блонд е всушност производ на тоа. школка, риба, чипс се идеална комбинација.  Palm Speciale  Ommegang BPA

Belgian Golden Strong Ale

 

од 7,5 до 10,5 % алк. како и во остнатите белгиски пива овошните ноти и овде се присутни. стилот настанал во Дувел како одговор на се поголемата популаризација на пејл пивата. на фламански Дувел значи ѓавол, па така би можело да се опише и вистинскиот вкус на пивото – ѓаволски добро пиво. но внимателно со вака питко пиво и висок процент на алкохол може бргу да се напиете. одлично е со риба и зачинета храна. Duvel, Russian River Damnation, North Coast PranQster.

Lambic

 

лесен стил од 5 до 7 ’ алк.  Straight Lambic и Geuze се прилично кисели, Straight Lambic се прави со спонтана ферментација, и е практично потолно некарбонизиран. Fruit Lambics, Krieks и Framboises се исто така вид на ламбик кои повторно имаат нота на киселост а овошјето повеќе доминира. со оглед на тоа дека се работи за силно специфичен стил, за него може многу да се зборува. Специфичен е по спонтаната ферментација, која користи квасец од в оздухот од околината. наброените видови се специфични сами по себе, па така Geuze е познат и како белгиски шамапњац, мешавина на минимално два одлежани ламбика. Straight Lambic е целосно некарбонизиран и може да се најде единствено на точење во Брисел Fruit Lambic е најпознат преставник на овој стил и тоа е најовошното од сите стилови до сега. Framboises  најчесто е направен од малина и цреша додека Kriek е од вишна, но има примери и со други локални овошја. генерално сите ламбик пива се созддадени за десерти, Cantillon Grand Cru Bruocsella, Oude Gueze, Boon Kriek Mariage Parfait,  De Cam Framboise Lambiek

Saison

 

од 3,5 до 9% ова е најтешко да се категрозира од сите. од бојата, состојките, вкусот, јачината на алкохол,одговара буквално со се од пица до шпагети Saison Dupont, Boulevard Tank 7,  Great Divide Colette.