Skip to content Skip to footer

5 ТРЕНДОВИ ВО КРАФТ ПИВАРСТВОТО ВО 2023 ГОДИНА

Занаетчиското пиварство е во постојан развој. Занаетчиската индустрија за пиво рапидно растеше во последниве години и се очекува овој тренд да продолжи во наредните години. Со нови пиварници кои се отвораат секој ден, (што не е и случај во Македонија) конкуренцијата е силна и пиварите постојано експериментираат со нови стилови и вкусови, со што се издвојуваат од толпата. Истраживме 5 трендови на занаетчиско пиварство во 2023 година.

  1. Hazy IPA   – Hazy IPA е во постојан пораст неколку години по ред и нивната популарност не се намалува. Сочните, матни пива се познати по нивните тропски овошни и цитрусни ароми, заедно со кремастиот вкус. Заматеноста во пивото се должи на додавање на овес, пченица или други адитиви кои создаваат помазна и помека текстура. Во 2023 година, можеме да очекуваме уште повеќе пиварници кои експериментираат со овој стил на ИПА, додавајќи нови комбинации на овошје и хмељ за создавање уникатни вкусни профили.
  2. КИСЕЛИ ПИВА  SOUR ALE Киселите пива се правеле со векови, а во последните години тие добија на популарност во светот на занаетчиските пива. Киселите пива постојат во различни варијации, од киселите але пива до Берлинер Вајс и Ламбичките пива. Во 2023 година може да очекуваме повеќе експериментирање со овој пивски стил вклуувајќи ги и новите комбинации на овошје и техники одлежување во буриња кои на пивото му даваат сложеност и длабок вкус. 
  3. Pastry Stout  што ли е пак ова сега? – Овој вид на Стаут е релативно нов во занаетчиското пиварство но добија свое место во мал круг на обожаватели. Темните , богати пива се прават со лактоза, и други адитиви како што се чоколадо, ванила и кафе кои даваат чувство како да го пиеш десертот во чаша пиво. Во 2023 година моеж да очекуваме усовршување на овој пивски стил и нови откачени состојки.
  4. New England Pale Ale New England Pale Ale (NEPA) е исто така релативно нов стил, кои се здоби со популарност последните неколку години. Матно и сочно пиво, слично на Hazy IPA, но тие имаат помала содржина на алкохол и избалансиран вкус. Тие се познати по нивните троспски ароми на овошје и цитрусни ароми
  5. Мексиканскиот стил на лагери е класичен стич кој се здобива со популарност во светот на занаетчиското пиво. Лесен  и освежувачки совршен за пиење во летните денови. Се прават со пченка или ориз што даваат чист и освежжителен вкус . во 2023 година може да очекување експериментирање на овој стил со додавање на нови вкусови, одлежување во буриња со што би добиле до уникатен пресврт во стилот.