Skip to content Skip to footer

22 МАРТ СВЕТСКИ ДЕН НА ВОДАТА: БЕЗ ВОДА НЕМА ПИВО.

Без водата секако дека нема пиво, бидејќи дури 85-95% од златниот сок го сочинува токму водата. течност од животно значење, за која треба да се каже и следново: без добра вода, нема добро пиво.а посебно е добро на тој факт да се потсетиме на денешниот ден 22 март кој се одбележува како Светски ден на водата.

Водата е многу важна суровина за производство на пиво, бидејќи пивото содржи 85-95 % вода, мора да одговара на законските услови за питка вода, т.е. мора да биде беспрекорно чиста и мкиробиолошки исправна. Многу пиварници имаат свои сопствени извори на вода – бунари, со што би биле независни од градскиот водовод. Природните води имаат поголема или помала количина на растворени минерални соли, па се делат на меки, средно тврди и тврди води. Тврдоста на водата влијае на вкусот на пивото, Општото правило вели дека меката вода се употребува за светлите пива, додека тврдата вода се користи за темните пива. За производство на плзенски тип на пиво се користи многу мека вода (1,3 dH), за минхенски тип тврда вода (14,8 dH), а за дортмундски тип многу тврда вода (41,3  dH), тоа значи дека природната вода треба често да се омекнува со соодветни постапки на подготовка (декарбонизација или со помош на јонски изменувачи) до оптималните вредности за одреден тип или вид на пиво.

Пивото се состои воглавном од вода па нејзиниот квалитет и содржина директно влијаат на својствата на пивото. Водата содржи шест главни составни соли: бикaрбонати, натриум, хлор, калциум, магнезиум и сулфат. Нивниот однос во употребената вода има големо влијание на вкусот и понекогаш на бојата на пивото, пишува во Светската енциколопедија на пиво. На пример, високиот размер на бикaрбонати може да создаде киселкаста каша, па од сладот ќе се добие помала количина на шекери, премногу сулфат ќе создаде остра горчина во пивото, а магнезиумот е битната храна за квасецот.

Многу пиварници се фалат со свеж извор на вода, која ја употребуваат за своето пиво. На пример Hürlimann од Швајцарија, продава вода која се користи во нивната пиварница во Цирих како минерална вода, во шишиња под заштитен знак Аква.

Во САД Coors од Колорадо ја зголеми продажбата и угледот објавувајќи дека неговата вода се слева од снежните врвови на Rocky Mountains. За да ја истакнат таа поволност, на етикетите на нивните лименки и шишиња, паѓа слап вода. А во Австралија вниманието го привлекува пиваTasmanian Breweries. која вниманието на своите потрошувачи го привлекува со својот Cascade лагер. Кај нас е случај со пивото Староградко кое својата вода ја користи од изворот во кавадаречкото село Конопиште каде што се наоѓа погонот на Горска вода, а на самото место има ископини од некој Стар град поради што се нарекува и „Староградско“ пиво. Исто сопствен извор користат и останатите наши поголеми пиварници.

Некои пиварници имаат необични извори на вода, Белгискиот Rodenbach познат по своите киселкасто црвени ламбик пива, се употребува подземна изворска вода, за поленење на украсното езеро од кое потоа се опсллужува пиварницата во Западна Фландрија, а на топлиот остров во Малта во Средоземното море, каде секоја капка вода е драгоцена, една пиварница има резервоар на покривот како би ја фатила секоја капка од краткотрајните дождови.

Добриот извор на вода има клучна важност за пиварниците. Многу големи пиварски градови никнале околу изворите на вода за пиво, на пример Плзен, во Чешка, има многу мека вода како создадена за плзенскиот лагер, а водата во Бартон на Трент во Англија, имала баш погодни минерали за подготовка на светлите пива по кои градот се прославил.

Во Англија Лондонските пиварници биле завидливи на тие од Бартон па така еден пивар од Ланкашир превезувал со километри со железница од бартонската вода во својата пиварница.

Многу пиварници се одрекоа од традиционалните бунари и извори бидејќи се плашат од загаденоста, посебно поради ѓубривата. наместо тоа употребуваат обработена градска вода и може да и ги додадат потребните минерали. Тоа не е романтично како бунарите, али е доверливо. На пиварниците им се потребни големи количини на вода За секој литар на произведено пиво треба најмалку пет литри за перење и ладење.

Извор Светска енциколопедија на пиво