ВОДИЧ НА ПИВСКИТЕ СТИЛОВИ

12938253_10154704952117598_8283997036301531940_n

Иако на многумина и денес не им е јасно во што е разликата помеѓу Пејл Ејл или ИПА, или пак мега популарните Лагери, светот на пивото всушност е неверојатно разновиден. Со развојот на денешните крафт пива светот на пвиските стилови станува повеќе разновиден, креативен и забавен. Во основа постојат два типа на пиво ејлови и лагери. Но која е разликата меѓу нив? Дознајте повеќе , проширете го вашето знаење и вкус.

ЕЈЛОВИТЕ СЕ СО КВАСЕЦ СО ГОРНА ФЕРМЕНТАЦИЈА
Далеку најстар тип на производство на пиво, чие производтство датира од пред 5000 години Зборот ејл доаѓа од германскиот збор алт што значи стари или одлежани. Како и црвените вина и овие пива ферментираат и се чуваат и служат на собна температура, што обично му дава поинтензивен вкус на пивото. Во зависност од начинот на подготовка на пивото може да биде добро пиво и како многу младо (по одлежување на неколку месеци) и многу старо ( до неколклу години).

ЛАГЕРИ ПИВА СО ДОЛНА  ФЕРМЕНТАЦИЈА НА КВАСЕЦОТ
Лагерите се од понов датум и нивното постоење се доплжи пред се благодарение на откривањето на микроскопот. Се чуваат и служат на поладни простории. Многу се популарни во Америка и во некои Европски земји

СТИЛОВИ НА ЕЈЛ ПИВАТА
11_webflobareconnue
Abbey Beers:  или опатиски (манастирски) пива се појавија непосредно после Втората Светска Војна, кога секуларните пиварници се комерцијализираа на сметка на вистинското културно наследство на Белгија   монашката пиварска традиција, и зголемениот успех на Трапист пивата. Некои опатиски пива се правени во манастирите уште пред 20тиот век како во опатијата Affligem Abbey, кои што произведувале и во текот на Првата Светска Војна, а денес се под сопственост на Хајнекен коишто ја купиле пиварницата. Abbey пивата не се фиксен стил на пиво, но варираат од темни  (Belgian brown ale),до силни ејлови, варијациите се SINGLE често може да се види и ознаката како BLONDE е најслаб со алкохол кој обично варира помеѓу 6,5 % АБВ, златно жолта боја одлежува во шишиња и има доста пријатен вкус. DUBBEL – пивата се се потемна боја, но варираат во јачината и вкусот. Обично варира од 6,5 % АБВ до 8 %. TRIPLE веројатно најпродорен и уникатен стил на пиво, трипл пивата се посветли на боја но појаки на алкохол обично над 8 % АБВ. Вообичаено користат трипати повеќе слад за разлика од темните кои користат двојно поголема количина. Вкусот варира од многу питки до многу благи што самото по себе им додава нови подкатегории QUADRUPEL потемни и појаки со четири пати зголемена количина на слад, вистински специјалитет кои се произведува во помали количини и потешко се наоѓа.
Alt Bier: Гераманија – оригинално термин за горно ферментирани пива. Класичните примери од Дизелдорф се со бакарна боја кои се прават само од јачменов слад, се чува во студени простории и со алкохол кој варира од 4,7 %АБВ.
shepherd-neame-sigtuna-barley-wineBarley Wine: England/Scotland: Често се смета за најценето од сите ејлови Со јачина на вино и комплексноста на коњакот овие пива покажуваат исклучително богатство на вкусови, длабочина и јачина на алкохол. Како и некои вина, овој тип на пиво го подобрува вкусот со текот на стареењето Се нарекуваат и јачменови вина во Англија кадешто се слични со тамошните силни ејлови. Но, обично се издвојуваат со поагресивната горчина на хмељот, и висок процент на слад.Бојата варира од светло бакарна до темно кафена, алкохолот се движи од 8 до 12 %.
Berliner Weisse: Germany: најсветлиот од сите типови на германски пченични пива. Високо газирани со низок процент на алкохол 4.5%-6% ABV, мал удел на хмељ, пријатен киселкаст вкус, кој се должи на ферментацијата на квасецот и бактерии од млечната киселина во текот на ферментацијата.Изразот „heffe“ во некои примери се однесува на квасецот и дека не се филтрира поради што и бојата им е матна Често имаат ароми на банана,
Bier de Garde: French често се со бронезена или бакарна боја. оригинално се силни пива со горна ферментација кои одлежуваат и во флаша. Се одликуваат со карамелизиран вкус во текот на долгото вриење. Денес тие се често пива со долна ферментација и филтрирани 4.4%-7.5% ABV.
Bitters: English класичен британски ејл. Варираат од златно жолта боја до бакарна боја и се карактеризираат со англиските варијации на хмељ како Fuggles и East Kent Goldings. И во оваа категорија постојат неколку подкатегории ќе наведеме некои: Ordinary bitter: најсветлиот од нив кој се карактеризира со ниска до средна арома на хмељот, вкус и горчина, и ниска до средна карактеристика на сладот. јачината варира од 3%-4% ABV, а дозволената горчливост од 20-35 некогаш ги нарекуваат и “cream ale”, Special bitter: повисоко изразена горчливост IBU 28-46, 4%-4.8% ABV ESB (Extra Special Bitter):се карактеризира со средна до силна арома на хмељот, горчина од 30-55 единици, и побогато со слад за разлика од специјалниот битер. овие карактеристики му даваат еден покомплексен и целосно специфичен вкус од битер пивото 4.8%-5.8% ABV
Brown Ales: Belgium & England варираат многу често во зависност од состојките и поднебјето.Темни се за разлика од нивниот роднина Пејл ејлот имаат повеќе полн вкус поради варијациите на сладот како печен слад, карамелизиран, чоколаден, тофи, бискивитен слад,Алкохолот се движи од ABV: 4.3%-7%варијациите се движат потоа на Американски (кој користи американски состојки) Британски Белгиски итн.
Belgian Browns: класичен стил од фламанскиот крај од Белгија комбиниран со засладен слад стекнат со неколкумесечното созревање обично во метални танкови. покомплексен пример е секундарната ферментација во шише. Oudenaarde  е најкарактеристичниот град за производство на овој вид лоциран на истокот од Белгија. Водата е ниска со калциум и висока со сода бикарбона што му дава на пивата текстурен карактер одлежуваат до три години и се многу силни со алкохол.
English Browns: AKA-“The lighter side of dark”. имаат средно тело, суви до слатки вкусови на сладот и многу мала количина на хмељ. 5% ABV
Dunkel-weizens: Germany Dunkel значи темно, weizen значи пченично со додавање на каранфилче и банана овие пченични пива се познати и како пива со карамелизиран вкус. Повеќето доаѓаат од Јужна Германија овој тип на пива се високо карбонизирани со мал удел на хмељ и во процеспт користат 50 % на пченичен слад. Обично се нефилтрирани, а ако се тогаш го користат префиксот HEFE на етикетата. Тенденција им е да се со просечен процент на алкохол но има варијации и до 8% ABV.
Golden/Blonde: Belgiumчесто се ароматични и со овошна арома некои од нив имаат алкохол од 4%-5% ABV но има примери и на посилни. Некои попознати брендови се и многу посилни како на пример DUVEL 8.5% ABV.што на фламански значи ѓавол. Ова пиво има и многу следбеници кои го користат „ѓаволскиот“предзнак.
Hefe-weizen: Germanyhefe значи „нефилтрирани“ или „со квасец“ некаде се нарекуваат и Weissbiers или white beer. А тоа е референца за светлата боја на пивото
India Pale Ale (IPA): England ѕвезда на пивскиот свет на хмељот. како и повеќето пивски стилови создавањет на ИПА пивото беше неопходно. Кога Британците ја колонизираа Индија пивото кое тие го праќаа за нивните трупи почна да се расипува по долгото патување по морето. Со екстра доза на хмељ и алкохол 40-65 IBU и 5% -7.5% ABV двете заедно голема вредност во продолжувањето на векот на пивото и со тоа проблемот беше решен а во светот се доби уште еден уникатен стил на пиво. Денес американските микро пиварници овој стил го доведуваат до совршенство. Тие продолжуваат да го развиваат стилот со варијации на неговата јачина и горчливост. Денес е потешко да најдете вистински ИПА стил на пиво од Англија, со неколку забележителни исклучоци.
Lambic: Belgiumстил со кој белгијанците се гордеат. ламбик претставува најстар стил на пиво (и негово производство) најдени во модерното време. Специфично за околината на Брисел овој стил се поистоветува со виното и шампањот повеќе од било кое друго пиво во светот. Името доаѓа од малото место во Белгија Lembeek (“Lime Creek”) југозападно од Брисел во областа на реката Зена, која се смета за срцето на ламбик регионот. Неколку пиварници го практикуваат овој процес на производство на пиво со култура на одгледување и зреење на квасецот. Тие ја негуваат киселоста на пивото од содржина не поголема од 30% пченица со додавање на јачменов слад, но тие ја дефинираат неговата карактеристика со додавање на „див квасец“ во текот на „спонтаната“ ферментација. дивиот квасец периодот на ферментација за ламбик пиво трае две или три години и повеќе доколку се чува во дрвени бочви. Повеќето од овие пива имаат вообичаен процент на алкохол кој се движи од 3%-6% ABV. И овој стил има неколкку подвидови. Fruit Lambic: станува збор за пиво, а не вино, бидејќи оригиналната ферментација се базира на житарици. Овошјето се додава подоцна и е одличен комплимент за киселоста на ламбик пивото. Во традиционалниот метод овошјето се додава во текот на зреењето на пивото кое Што ја предизвикува понатамошната ферментација. најдобрите белгиски овошни пива потсеќаат на сувоста на розевиот шампањ одколку на сода вода. Gueuze: шампањски стил на пивото ламбик. карбонацијата се постигнува со мешање на млад ламбик (обично одлежан шест месци) со позрели вина (две до три години). преостанатите шекери во младиот ламбик и квасците се развиваат во причинителите на новата ферментација. потрадиционални примери користат назив од нивната организација De Objectieve Bierproevers. референцата “old” на некои етикети означува дека е одлежано минимум 6 месеци. Straight Lambic: е многу ретко пиво и тешко се наоѓа. типично се служи директно од буриња во кои што претходно ферментирал.
Pale Ales: Englandтрадиционално се со златно жолта до бакарна боја, со ниска до средна доза на слад, со варијации на англиски хмељ кој му даваат специфичен вкус и арома. Терминот често се користи за да се дистанцира од портерите и стоутите. Имаат тенденција да бидат понаметливи во вкусот од битерите.
Porters: England: портерот е првиот пивски стил во светот кој се здобил со право за национална дистрибуција во текот на индустриската револуција. Стилот датира од 1700 година треба да се забележи и тоа дека името го добил од возовите кои се користеле за да ги продаваат своите пива во раниот британски возен систем. Уште една забелешка е дека првиот портер во комерцијални цели почнал да се произведува во Лондон на реката Темза, од каде што се пренесувал кон другите градови. Денес портерите варираат од 4% -6.5% ABV, и 20-40 IBU.
Scotch Ale: Scotland: се карактеризираат со висок процент на алкохол (6%-8% ABV) и интензивен вкус. ниска содржина на хмељ (25-35 IBU). често се питки или карактер на димено пиво со овошна арома и вкус.
Dry stouts: Ireland: ниски со алкохол (3.8%-5% ABV), се карактеризира со сувата печена горчина на јачменот во финишот. познати се по формирањето и задржувањето на нивната пена.
Trappist Beers: Belgium/Dutch: Трапист пивата се пива кои се произведуваат под контрола на трапистичките монаси. во светот постојат 171 трапистички манастири (заклучно до април 2005) но само седум од нив произведуваат пиво (шест во Белгија и еден во Холандија) само овие седум пиварници се авторизирани да го користат логото  на етикетите од нивните пива кое означува дека се Автентичен Трапист Производ кој индицира на примена на различни правила кои се налагаат од Интернационалната Трапист Асоцијација.The Breweries: Westvleteren, Rochefort, Orval, Westmalle, Achel, Chimay, La Trappe Weizen Bock:
White (Wit) Bier: Belgium (Bière Blanche): Witbier оригинално станува популарен благодарение на Hoegaarden, мало место познато по одгледување на пченица во регион источно од Брисел и Левен. стилот се прави со користење на еднаква количина на јачменов слад, зачинети со кориандер и кори од портокал. може да бидат филтрирани, и обично имаат 5% ABV.

ПИВСКИ СТИЛОВИ НА ЛАГЕРОТ
Bock: Germany: Bockbiers се силни пива кои се забележани во градот Einbeck од 1250. се карактеризираат со спонтана горна ферментација темни пива во основа направени со пченица. Einbeck е исто така регион кој е познат по одгледувањ јачменовиот квасец за лагер пиво кој завзема битна улога во модерното општество. обично имаат повеќе од 6.25% ABV, надвор од германија јачината варира, и bock е обично црно пиво.

Helles bock/ Maibock:  светла боја (“helles” значи светло на германски), со средна јачина која варира од 6% -7.5%. горчливоста на хмељот е ниска со (20-35 IBU) единици.

Doppelbocks: Germany doppelbocks не се однесува на bocks,.дека доаѓаат од различно место и временска дистанца. во текот на протестантските реформи од 1517 г, францисканските монаси од Италија се доселија во Минхен. Овие монаси во своите ритуали правеле силни пива . со оглед на тоа дека овој стил датира од 1500 г, што значи дека е неколку илјади години помлад од бокот, Името почнал да го употребува од 1900., од кога и станува популарен стил во Минхен. Doppel bocks користат повеќе житарки од обичниот бок, но не ферментираат на ист начин. имаат сладок финиш  (17-30 IBU, 6.5% -8% ABV).
Traditional bock, Dortmunder/Export:, German Helles: Munich style dunkels: се само некои варијации на тема.

ПИЛСНЕРИ

Czech Pilseners: Оригинално потекнува од градот Плзен од Чешка. Најкласичен од сите пилснер пива. Забележителна е употребата на хмељот saaz и златната боја. има околу 5 % АБВ.

German style pilsners: висока горчина на хмељот, модернизиран вкус на хмељот и арома, посветла боја од чешкиот пилснер, Hallertau Hops е карактеристична сорта на хмељ за германските пилснери

Bohemian pilseners: послатко и поголема количина на слад од германскиот пилснер се карактеризира со светло килибарна боја Bohemian pilseners се карактеризираат со користење на чешкиот Saaz хмељ и има IBU единница од 45, што му дава благ финиш.

доколку сакате да дознаете повеќе за другите стилови на пиво