ОСНОВИ НА ПИВОТО И ПИВАРСТВОТО

what-is-beer-inside-header

За да добиеме одговор на прашањето Што е пивото? треба да погледнеме малку назад во историјата, а одговорот е малку комплициран.

За среќа љубителите на пивото, а и тие кои не се, од општа култура и познавање ја знаат основната формула која со векови е иста, а тоа е : дека пивото е ферментиран пијалок, алкохолен производ добиен на база на житарки (јачмен, пченица, пченка…) кои се преработуват во форма на нешто што се нарекува пивски слад, внимателно селектирана вода, култури на квасец и хмељ. Тоа е тоа.

 

what-is-brewing-inside-header

Производството на пиво бара малку знаење, опрема и доста трпеливост.

Трпеливоста е многу важна, бидејќи времето ја прави разликата помеѓу просечното и доброто пиво. Ако сте стрпливи и сакате да читате, тогаш го имате рецептот за успех и бидете сигурни дека со искуство вашето прво пиво со тек на време ќе биде се подоббро и подобро.

Од денешен аспект производството на пиво се менува постојано и технички усовршува. Така да освен споменатите состојки во денешно време во завиност од видот на пивото се користат и други состојки како лактоза, карамелизиран шекер, коријандер, ванила, пченични и други житарки, кори од портокал, и разни други зачини и засладувачи на вкусот и аромата.