ДЕГУСТИРАЊЕ И ПОСЛУЖУВАЊЕ НА ПИВОТО

 

tasting-depth-inside-header

Како и виното, и пивото си има свои правила и карактеристики при негова дегустација, но ова се однесува сепак за професионалци сомелиери и оние кои сакаат поискрено да влезатр во светот на пивото.

  1. Просторот во кој ќе го дегустирате пивото треба да биде доволно осветлен со што би ја оцениле неговата бистрина и боја. До вас не би требало да допираат никакви надворешни мириси.
  2. Чашата во која се налева пивото мора да биде кристално чиста, без гребнатинки и доволно голема за да во нејзе го собере и вашиот носдодека пиете од течноста. На тој начин најдобро ќе го почувствувате и мирисот на пивото.
  3. Пред дегустација на пивото не јадете силно зачинета и мрсна храна. Исто така не користите парфем, кармин з аусни, и други козметички производи..
  4. Пред отварање, проверете го рокот на траење, како и тоа дали има талог во шишето.
  5. Почувствуајте го шишето! Секако, пивото мора да биде ладно, но ни тука не треба многу да се претерува.Идеална температура за пивото се движи помеѓу 22-25 степени Целзиусови. Тргнете ги настрана митските предрасуди за „ледено пиво“ или „грч ладно пиво“ бидејќи на прениска температура нема да почуивствувате никаква арома.
  6. Кога го отварате шишето обрнете внимание на количината на пената и како реагира јаглерод диоксидот при отварање на тапата.
  7. Кога го точите пивото оставете го само да клизне во внатрешноста на чашата. Дури откога ќе се исполнат отприлика две третини во чашата може да го исправите шишето со што на крај би сте добиле и пена. Со пивото секогаш мора да одии пената, а таа мора да се крева и преку ивицата на чашата.
  8. Кога веќе сте го ставиле пивото во чашата веднаш проценете го мирисот (слично како и кај виното) Имено, многу ароматични состојки во пивото испаруваат многу бргу во допир со воздухот. Ќе ја почувствувате и аромата на сладот, која може влече на лимун, цвеќе или на свежо косена трева.
  9. Потоа отпијте една поголема голтка. За разлика од виното, пивото се пие во поголеми голтки и усната шуплина мора д а биде полна. Почувствуајте и споредете го односот помеѓу температурата, аромата и степенот на запенетост.
  10. Никогаш не го матете пивото во уста! Само оставете да протече низ мевот.  Почувствуајте и споредете го односот помеѓу температурата, аромата и степенот на запенетост пред и после голтката. Причекајте 15 тина секунди и повторно споредете го вкусот на ппивото после голтакта. Дали е сладок или сув, дали се задржува во устата или бргу исчезнува…
  11. Уште еднаш помирисајте го пивото. Некои ароми доаѓаат до израз минута или две по отварањето на шишето. Потоа повторно испијте уште една добра голтка и споредете ги резултатите со оние од почетокот на тестот.
  12. За да ги „ресетирате“ вашите сетила  за вкус кои учествуваат во тестирање на пивото, доволни се незасолени крекери или обичен леб.

НАЗДРАВЈЕ!