ВОДИЧ НА ПИВСКИ ЧАШИ

beer-glassware-inside-header

Секој љубител на пиво знае дека работата на чашата е да го подобри уживањето во пивото. Во зависност од формата, нејзината задача може да биде да ја сочува температурата, ја држи пената, поддтикне газираноста, засили аромата…Вистинскиот љубител на пивото кој се држи до своите лоши навики при рака секогаш ќе има барем неколку видови на чаши за пиво кој најчесто ги пие. Во оваа прилика ќе наведеме само осум од најважните стилови, и покрај тоа што намерно ги изоставивме чашите за iPA пивата и за Pauwel Kwak. .

 

КРИГЛА

Синоним за пивска чаша и наздарвување. Наменета е за пиење на полесните пива, има дебели „ѕидови“ кои ја чуваат температурата на пивото и рачката која го спречува греењето на драгоцената течност.

Се користи за: lager, pilsener, па дури и porter, stout и одредени ејл пива.

ВИСОКА ЧАША

Оваа форма на чаша е дизајнирана така да ги нагласи аромите кои можеме да ги најдеме во пченичните пива. Високата чапа бара внимателно точење на пивото на самиот почеток и дури на крај директно точење и создавање на цврста пена.

се користи за: Hefeweizen, Kristalweizen, Weizenbock, Dunkelweizen, Gose

ТУЛИП ЧАША

Ако не сте сигурни во што би требало да ги точите пивото, со оваа чаша нема да погрешите.иако посилните пива најдобро ќе се покажат во оваа форма на чаша. Направена е така да со формата ослободените ароми ги задржува во чашата, додека столбот го спречува греењето.

Се користи за : речиси секој белгиски ејл, и сите овошни пива..

ПИНТА

Најкласичната форма на чаша за служење на пиво во пабовите доаѓа во две величини – од 473 и 590 мл. Ефтини се за изработка, практични за сложување и едноставни за точење на пиво. Како универзални кафански чаши погодни се за секој вид на пиво.

Се користи: за речиси сите видови на пива.

СНИФТЕР

Иако можеби овој тип на чаша ви е познат за пиење  на коњак и бренди, нејзината форма совршена е за пива со силни ароми. Краткиот столб овозможува со дланката да ја фатите чашата и подигне температурата на пивото со што подобро би се почувствувал неговиот мирис и вкус.

Се користи за : imperial IPA пивата, белгиските ејл пива, eisbock….

ПИЛСНЕР ЧАША

Како што и самото име кажува оваа чаша е наменета за служење на пилснер пива и светли лагер пива. Оформени се така да ја сочуваат газираноста на пивото и што подолго одржуваат пената. Најчесто доаѓаат во форма од 250 и 330ml.

Се користи за : пилснер и лагер пива

.ПЕХАР ЧАША

Чашата од оваа преубава форма може да се најде и со нешто подолг столб и да биде помасивна. Некои се направени така да ја држат пената дебела до 2 см така да со својата форма креираат меурчиња во пивото.

Се користи за: белгиски ејл пива, германски бок пива, dubbel, tripel, quad

РАМНА ЧАША

Традиционална Германска чаша која Германците ја нарекуваат „stange“ (стап) висока е, рамна и се користи за нешто поделикатни пива кај кои е потребно да се истакне нијансата на хмељот и сладот.

се користи за : Kölsch, овошни пива пива од ориз,bock, altbie