ПИВО И ХРАНА – СПАРУВАЊЕ

beer-food-pairing-inside-header-1

cb_cheese_1Со векови постои нераскинлива врска меѓу пивото и храната, тоа од секогаш се конзумирало со храната, се конзумирало и како аператив, за време на јадењето или после јадењето. Деенс комбинирањето на пиво со храна е вистинска уметност, во која се разгледуваат боите, вкусовите, температурите на конзумирање, количина на алкохол и арома, и секако приликата во која се конзумира пијалокот.

Во средниот век дури и децата пиеле пиво за да ја преживеат гладта, а во 19тиот век доилките морале дневно да пијат барем седум кригли пиво, бидејќи се сметало дека е добро за млекото. Најверните љубители го прогласиле за течен леб, на што во прилог оди фактот дека луѓето го произведувале од пченица и јачмен, и вода пред да научат да го месат лебот. Се до 20титот век, месото и рибата се чувале така што биле потсолувани, сушени и димени, со што организмот многу полесно би ја поднел така солената храна. луѓето жедта ја гаселе со големи количини на пиво.

deutsche-kuche

Кога храната почнала да се пастеризира и чува во фрижидери, помалку се потсолувала. Со самото тоа улогата на пивото се променила. па наместо само за гасење на жедта, пивото почнало да се пие и од задоволство, и во моментите на опуштање.

Пивото се комбинира речиси со секоја храна, како предјадење, со месното јадење, риба, разни видови на сирења, и горчливи десерти, па дури и темното чоколадо за готвење. Генерално добро се сложуваат со киселкасите зеленчуци како краставици и пиперки, печени кобасици, димена храна и храна на скара.

Рибата добро се сложува со пченичните како и лагер пивата (witbier, biere blanche, heffeweis), кои го засилуваат нејзиниот вкус, а покрај пилешко, јунешко и свинско месо идеални се лагер пивата. Со морските плодови школки и ракчиња добро се согласуваат темните пива, со посилен вкус.

cb_cheese_1

Покрај сирењето се препорачуваат пива чии киселини се се сложуваат со киселините  на сирењата, а со зрелите сирењаа посебно добро одговараат силните пива. Пивата добро се согласуваат и со чоколадата, бидејќи слатките јадења и десертите кои имаат горка нота, како чоколадните слатки , добро сложуваат со црните пива, чиј вкус подсетува на темната чоколада. Стручњаците велат дека самите состојки на пивото доаѓаат до израз во интеракција со храната. Така лесното пченично пиво како острото и свежо, одлично согласуваат со чили, коријандер и кари, кои често се користат во азиските јадења.

Вкусот зависи и од сладот, па темно печениот слад дава тонови на загорено, печено и слатко, кои добро одат со печена храна и скара. Тоа пиво добро оди со кобасици, диемста харинга или скуша и кремасти сирења.