РЕПОРТАЖИ

ШТИП СЕ ВПИШУВА ВО МАПАТА НА ЗАНЕТЧИСКИ ПИВА СО ПИВАРАТА „СТАР КОНАК“

Имав слушнато уште од поодамна дека нешто се кува во градот под Исарот, но сеуште не знаев каде, кој, како и што. И ете по две годишна илегала на некој начин, момците од Стар Конак излегоа конечно во јавноста со проектот Крафт Пивара Стар Конак, прва во регионот а втора во Македонија од овој тип (со почит кон Крафт пиварата Темов од Скопје).

Прочитај

РЕПОРТАЖА: BREWERY VISIT „CANTILLON“-ПОСЛЕДНАТА АКТИВНА ЛАМБИЧКА ПИВАРА ВО БРИСЕЛ

Ламбичкото пиво е ретко, кисело пиво, кое што во неговото производство користи техники кои што датираат уште на самите почетоци откако човекот почнал да се занимава со пиварството. На оваа моја дводневна посета во Брисел успеав и бев цврсто решен да ја најдам и посетам оваа уникатна пивара, читајќи претходно многу за овој пивски стил, но и познавајќи го ова пиво од моите претходни искуства.  Прочитај

РЕПОРТАЖА: ОСВОЈУВАЊЕ НА ЗМЕЈОТ СО „ГУЛДЕН ДРАК“

Секое исклучително, одлично пиво си има и своја голема приказна, па така и пивото „Гулден Драк“. Познато по „златниот змеј“, но и пиво кое што потсетува на вино со исклучително силна арома и полн вкус. Следува приказната за Гулден Драк.  Прочитај

ОСВРТ КОН ПРВАТА „БИРАРИЈА“ ФЕСТИВАЛ НА ЗАНАЕТЧИСКИ ПИВА

БИТОЛА- 29 ЈУНИ: Обично така бидува, кога си растрчан на сите страни, кога мораш да го направиш тоа и тоа, кога сакаш да бидеш таму и таму, кога настани имаш на две три места во еден ден и со секојдневната борба за голата егзистенција, еден мал одмор, еден малку поинаков настан и во друг град, од секој аспект добро ќе ти дојде за вистински одмор на душата и мозокот. Прочитај

ПИВСКИ ТУРИЗАМ: ГОЛЕМИ ПИВА КОИ ВИ ЈА ВРАЌААТ НАСМЕВКАТА НА ЛИЦЕТО, VOREIA, SERRES-GREECE

По долго убедување, но и конзумирање на нивните пива, ете конечно се одлучив и на оваа кратка пивска авантура во посета на микропиварата од Сер, Voreia. Се наоѓа во Севернито дел од Грција, односно на 60 км од Солун и веднаш се наоѓа на самиот пат. Voreia во превод значи  „Север“ oд каде што доаѓавме и ние од соседната Македонија (денес Северна) со која што уште при првиот контакт и комуникација воопшто не наидовме на никаков отпор или негодување поради претставувањето од каде сме. Не пречека ведрата и насмеана Маријана, која веднаш не прими и прошета по малиот погон.  Прочитај

ПИВСКИ ТУРИЗАМ: ВО ПОСЕТА НА MAISTER BREWERY, КАМНИК СЛОВЕНИЈА

Порталот Сакампиво.мк продолжува со серијалот на пивскиот туризам. Овој пат бевме во посета на пиварата Maister Brewery во градчето Камник, во непосредна близина на Љубљана,Словенија каде што главен мајстор пивар е Дејан Коларовски.

Прочитај

СТАРОГРАДСКО BEER TOUR

На 16ти март порталот за промоција на пиво и пивска култура „СакамПиво“ во соработка со Кодинг Горска ве водат во фабриката во с Конопиште каде што се произведува СТАРОГРАДСКО ПИВО. Посетата и екскурзијата е дел од серијалот на пивски туризам кој порталот има за цел да го практикува секој месец.

Прочитај